Презентиран мастер планот на Сахара за проектот млекарница
Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2013 15:07
Претставници на Сахара Пјур денеска го презентираа мастер планот за проектот Сахара млекарница во Македонија. Со деталите се запознаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Управата за ветеринарство, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово, Орце Цветковски и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев како и Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Целосниот мастер план детално го објаснува распоредот и динамиката на одвивање на работите на терен. Следната година ќе започне и изградбата на модерната енергетско ефикасна млекарница со модерна фарма со современ систем на молзење и напредна технологија за надгледување на сточниот фонд.
Целиот проект ќе биде во соработка со општините кои се зафатени со него, како и со постојана размена на информациите со Министерството за земјоделие во текот на спроведување на проектот.
Сахара Групацијата во следните три години ќе изгради регионален млечен центар, инвестиција вредна 211 милиони евра, каде ќе се вработат над 2.000 лица и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Во тимот на Сахара Пјур се експерти од Европа, САД и Саудиска Арабија кои работат со години на вакви фарми и имаат големо искуство
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





