ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2024 17:28
Млад жител на Велешта, Струга се терети за производство и дистрибуција на детска порнографија.
Како што соопштуваат од Јавното обвинителстов, „за продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 28-годишен жител на Велешта“.
- Од ноември лани до мај годинава, осомничениот пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем. Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица.
Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен - објаснуваат од обвинителството.
Додаваат дека јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Можеби ќе ве интересира
„Нептун“ го носи „Miele“ на македонскиот пазар - Премиум апарати, модерна естетика и долгорочна употреба
ГАРДЕРОБА, ФРИЗУРА, ШМИНКА: Колку трошат младите за да се спремат за матурската вечер?

И СО 15 ГОДИНИ ИСКУСТВО – ПРВО ВОЛОНТЕР, ПА ХОНОРАРЕЦ: Најави за вработувања на средномедицински кадар има постојано, но за кого се работните места?

„ЗЛАТНА ДА Е ВИЗАТА“. И Шилегов се огласи за златните визи на Заев и Филипче, дали тој ги критикува?

„ЕУ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА САМАТА ОД СЕБЕ“: Величковски за споредбите помеѓу ситуацијата на Украина и земјава вели дека се безобразни

НИТУ ХАЈРЕДИНИ НЕ МУ ВЕРУВА НА ТАРАВАРИ ДЕКА ЗАМИНУВА КАЈ ГРАЃАНИТЕ: „Вистинската причина останува енигма“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам
