Прибе: ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Македонија
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 09:47
Иницијаторот на реформите во правосудството и анти-корупцијата во Македонија, Рајнхард Прибе, на трибина во германскиот Бундестаг рече дека земјата треба да биде „наградена“ од ЕУ дури и да се случи да не одат според планот планираните ратификувања на Преспанскиот договор следната година, објави Дојче Веле.
„Доколку во Грција од која било причина не биде ратификуван Преспанскиот договор, ЕУ мора да биде храбра и да ги отвори преговорите за членство со Македонија, независно од спорот за името“, рече Прибе.
Според иницијаторот, Македонија мора да остане мотивирана да ги продолжи реформите.
На дебатата било констатирана целосно сменета атмосфера во државата во позитивна насока, беа упатени честитки за напредокот со договорот со Грција, но имаше и критики за бавното спроведување на клучните реформи во Македонија.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




