19 Декември, 2025
0.1293

Приговорот на БЕСА за лажниот потпис помина кај ДИК

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 16:51

Добивај вести на Viber

Со шест гласа за и три против, ДИК го изгласа последниот осми приговор од движењето БЕСА.

Од вкупно осум приговори од БЕСА, седум се одбиени.

„Констатирам дека ДИК има донесено решение гласањето да се поништи. Гласањето ќе се повтори само доколку вкупниот број на гласачи во тоа избирачко место влијае на конечниот резултат на изборите. Графолошкото вештачење го изврши Марина Совревска, дипломиран графолог инженер и заклучи дека спорниот потпис на име Фатиме Сулејмани не е автентичен со неспорните потписи со лицето Фатиме Сулејмани односно не е испишан од нејзина страна“, рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

Сепак, за да има прегласување на изборното место 0396/1 во Гостивар зависи колку гласачи има во него и дали истото има доволно за да одлучи за пратеник.

Тоа гласачко место брои 892 избирачи. 

Во моментов Комисијата отиде на пауза.

Да потсетиме...

Вчера Државната изборна комисија одлучи да повика графолог кој ќе утврди дали Фатиме Сулејмани се потпишала или тоа го направил некој друг, па графологот Марина
Софреска утврдила дека не одговараат елемените на потписот со оригиналниот, соопшти во петок, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Од Избирачкиот одбор, во четвртокот тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки