16 Мај, 2024
0.0321

Пријавете се за учество на 9-oт Сараево Бизнис Форум и запознајте се со инвестицискиот потенцијал на регионот со над 30 милиони луѓе

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Регистрациите за учество на водечката бизнис и инвестициска конференција во Југоисточна Европа, 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018 (СБФ) кој ќе се одржи во Сараево на 25 и 26 април под мотото "Еден регион, една економија" се уште се отворени.

Секоја година на СБФ има сè повеќе гости кои се заинтересирани за бизнис вмрежување и изнаоѓање нови можности за инвестирање во регионот со 30 милиони луѓе. Тие доаѓаат во главниот град на Босна и Херцеговина за да дознаат повеќе за потенцијалите што ги нудат БиХ, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора...

Сараевo Бизнис Форум ќе биде домаќин на претставници на институции од регионот, стопански комори, компании и бизнис претставници од државниот и приватниот сектор, со што оваа дводневна конференција претставува исклучителна можност за воспоставување директни контакти кои веќе доведоа до бројни успешни бизнис приказни што започнаа на претходните состаноци што се одржаа во минатите години на СБФ.

"Сараево бизнис форум ги поврзува инвеститорите и бизнисмените од сите краишта на светот со бизнисмените и креаторите на проектите од земјите од регионот на Југоисточна Европа. Ве повикуваме да аплицирате за учество на водечката инвестициона конференција во овој дел од светот, со цел да дознаат повеќе за придобивките од растечкиот пазар и да го признаат потенцијалот понуден со инвестирање во постоечки бизниси или со започнување на нови проекти", рече Амер Буквиќ, претседател на Управниот одбор на BBI Bank, по повод одржувањето на 9-тиот Сараевo Бизнис Форум.

Значителен број на инвеститори веќе го препознаа својот интерес за регионот, кој според стапката на раст на туризмот е едeн од првите десет туристички дестинации во светот. Ова е причината зошто тие веќе имаат воспоставено бизниси во овој сектор. Сепак, покрај извонредната убавина на природата со која што располагаат земјите од Југоисточна Европа меѓу кои и Македонија, во просторот со само неколку стотини километри се вклучени планински венци, езера, реки, Јадранското Море, Охридското Езеро и градови чии споменици се под заштита на УНЕСКО, овој регион нуди многу дополнителни можности за инвестирање. Енергетика, земјоделство, недвижности, инфраструктура, ИТ индустријата, прехранбената индустрија, образованието, финансиите, спортот и културата се сегменти во кои може да се инвестира, а тие се области во кои ќе се презентираат голем број проекти на овогодишната конференција. Со цел да се постигне уште посеопфатно и поефикасно деловно поврзување, специјално дизајнираната онлајн платформа (www.sbf.talkb2b.net) посветена на презентирање на свои компании и проекти може да се искористи за запознавање со поднесените проекти и пред почетокот на конференцијата , како и да закаже B2B средби што ќе се одржат на вториот ден од 9-тиот Бизнис Форум.

Регистрацијата за учество на Сараевскиот бизнис-форум траедо 10 дена пред почетокот на СБФ. Можете да се регистрирате на веб-страницата на SBF: www.sarajevobusinessforum.comсо кликнување на иконата http://sarajevobusinessforum.com/registration- participant.

Bosna Bank International (BBI) е организатор на СБФ во соработка со Исламската банка за развој (IDB). Минатата година на Сараево Бизнис Форум присуствуваа повеќе од 1.700 луѓе, меѓу кои 330 акредитирани новинари, а одржани беа повеќе од 300 директни средби на бизнисмени и претприемачи.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“