19 Декември, 2025
0.0362

Пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк продолжено до 6ти октомври

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 11:50

Добивај вести на Viber

Рокот за аплицирање за добивање стипендија „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за академската 2022/2023 година е продолжен до 6ти октомври. Заинтересираните кандидати можат да конкурираат до ново-назначениот датум на следниот линк.

И оваа година се доделуваат 20 стипендии за студенти на вонредни двегодишни студии. Учесниците можат да изберат една од шесте достапни специјализации, МБА по Општ менаџмент, МБА во Маркетинг, МБА во Финансии, МБА во Логистика и менаџмент, МБА во Управување во здравство и МБА во Управување со човечки ресурси.

Предноста од добивање на стипендијата „Борис Трајковски“ е што добитниците ќе студираат според Пан-европската извршна МБА програма и ќе се стекнат со двојна диплома, од Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур. Така двојната диплома потекнува од две образовни институции кои се високо истакнати и рангирани во научниот свет, Универзитетот Јорк е врвен британски универзитет рангиран на 151вото место во светот според QS World University Rankings за 2022 година и Универзитетот во Стразбур претставува престижен француски универзитет од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.

Покрај двојната диплома, програмата нуди и вистинско меѓународно искуство преку три студиски патувања - во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Програмата ја предаваат истакнати професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ, од Универзитетот Јорк, од Универзитетот во Стразбур, како и други добро признати универзитети ширум светот и експерти од индустријата со значително професионално искуство.

Паневропска извршна МБА програма, како меѓународна програма се нуди во 8 различни градови низ регионот и нуди неограничени можности за вмрежување. Специјално е дизајнирана за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Според квалитетите оваа програма е една од 300те програми акредитирани од Здружението на МБА програми (AMBA) и од Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI), а вредноста на оваа извршна МБА програма во академскиот свет ја потврдува и заедницата од приближно 4000 учесници и дипломци досега.

Стипендиите „Борис Трајковски“ ги нудат заеднички Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Претседателот на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии