21 Мај, 2024
0.0265

Приказна за „девојчето кое се предаде“!

Објавено во: Стил 31 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Фотографијата на детето од Сирија кое со стиснати усни ги држи рацете над главата мислејќи дека фотоапаратот е оружје, го обиколи светот.

Турскиот фотограф Осма Сагирли за Би-Би-Си опишува како настанала фотографијата.

Фотографијата стана „вирална“ минатата недела, кога осамна на Твитер профилот на фоторепортер од Газа Надије Абу Шабан. Следеа повеќе од 11 000 ретвитови, а потоа истата стигна и до сајтот Редит каде предизвика лавина коментари.

Набрзо почнаа да ја пренесуваат светските медиуми, а коментарите во кои луѓето велат дека фотографијата ги расплакала или дека „човештвото е на работ на пропаст“ се броеа во десетици илјади.

devojceto koe se predade

Секако имаше и обвинувања дека се работи за местенка, но Сагирли тоа го демантирал и раскажал дека фотографијата е направена во декември 2014 година во бегалскиот камп Атмех во Сирија.

Иако многумина мислеа дека на сликата е сириско момче, во прашање е четиригодишно девојче по име Худеа.

Таа со мајка си, браќата и сестрите стигнала во камп оддалечен 150 км од нивниот дом во Хама, а околу десет километри од границата со Турција.

„Го користев телескопскиот објектив и таа помисли дека е во прашање некое оружје. Сфатив дека беше преплашена дури кога го тргнав апаратот. Ја погледнав фотографијата и видов како ги гризе усните и држи подигнати раце. Обично децата избегаат, го сокријат лицето или се насмеат кога видат апарат, рекол за Би-Би-Си фоторепортерот.

Тој рекол дека фотографиите на деца од бегалските кампови раскажуваат вистинска приказна за ужасите на војната.

„Постојат многу бегалци. Има повеќе смисла страдањата да се опишаат низ она што поминале децата, а не низ она на возрасните. Децата се тие кои ги покажуваат сите чуства со својата невиност“, рекол Сагирли.

Фотографијата е објавена во јануари во турските медиуми за кои Сагирли работи 25 години како репортер од војните жарништа и кризни подрачја вон земјата. Уште тогаш двајца турски корисници на социјалните мрежи ја ставија во фокус, но беше потребно уште неколку месеци повторно да се појави и стигне во западната јавност.

Сагирли во моментов работи во Танзанија.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“