05 Декември, 2025
0.2245

Прилеп повторно се подготвува за Гинис

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Во центарот на Прилеп на 23-ти овој месец, ќе биде претставена најголемата и најтешка перница на светот, соопштија денеска на прес-конференција од прилепската текстилна фабрика за постелнини „Комфи ангел“. Фабриката и локалната самоуправа се иницијатори на овој несекојдневен настан. - На 23-ти овој месец во центарот ќе ја претставиме најголемата перница во присуство на претставник од Гинис и секако ќе му дадеме големо значење на настанот. Ова го правиме не само за промоција на компанијата, туку на градот и на Македонија. Сакаме сите уште еднаш да слушнат за нас и се што можеме да направиме, изјави Ирена Јакимоска, сопственик на „Комфи ангел“. Николче Јанески објасни дека перницата треба да биде поголема од рекордот во 2008 година што го постигна белгиска компаниа, а тоа е да е голема од 15 на 15 метри. - Ние сакаме големината да премине 17 на 17 метри, но точно ќе се види на лице место кога и на плоштадот на очиглед на сите ќе се полни перницата. Може да достигне и 19, 90 метри големина, а да биде потешка од пет тони. Тоа се нашите залагања, вели Јанески, додавајќи оти зафатот чини 15 илјади евра. Според градоначалникот Марјан Ристески иницијативата била поддржана од локалната самоуправа. - Ја поздравуваме и сме логистичка поддршка на тоа Прилеп пак да влезе во гинисовата книга на рекорди. Го промовираме градот, државата и се промовираме како туристички атрактивни за посетителите, вели Ристески. Прилеп прв пат постави гинисов рекорд во 2008 година на празникот на градот „Свети Никола“ на 19. декември кога беа приготвени 80.191 посни сарми. Официјално во гинисовата книга на рекорди се запиша 2010 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј