17 Јануари, 2025
0.0283

Прилепчанец на суд - напишал графит „Че си лежите“

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Прекршочна пријава заработи учесникот во протестите на „Шарената револуција“, Жаре Стеваноски од Прилеп, затоа што за време на протестите во градот, на асфалтот пред општинската зграда го испишал графитот „Че си лежите“.

На четири поединечни рочишта, граѓанскиот активист, адвокатот Жаре Стеваноски ќе биде суден во Основниот суд во Прилеп, по член 191 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Ова е затоа што како учесник во „Шарената револуција“ за време на протестите во Прилеп, на асфалтот пред општинската зграда го испишал графитот „Че си лежите“. За Стеваноски овие прекршочни пријави се само уште еден начин на притисок на власта врз него. 

„Од содржината на доказниот материјал што го приложи МВР кон барањата за поведување прекршочна постапка, произлезе дека одредени службени лица на Министерството извршиле фалсификување на добар дел од службените документи, со тоа што во таквите документи навеле невистинита содржина. Убеден сум дека овие прекршочни постапки не наоѓаат примена во законските одредби со кои Министерството ме товари дека Судот ќе донесе правилни и законити одлуки“-изјави Стеваноски.

Вели дека нема никаков законски основ за овие пријави, токму затоа што протестите на „Шарената револуција“ се одржуваа со претходна најава, беа во континуитет следeни од голем број припадници на прилепската полиција. А, со испишување на графитот „Че си лежите“ никако не може да се загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот и затоа што додека траеја протестите улиците беа запрени за сообраќај. Веднаш по протестот екипи на јавните комунални претпријатија ги чистеа улиците.



Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот