Добивај вести на Viber
60 илјади посни сарми треба да свиткаат прилепчани за нивниот патрон Свети Никола. Акцијата е поддржана од општина Прилеп и фирмата Миркосам, а подготовките за празникот веќе се започнати.
Денеска заедно, градоначалникот Марјан Ристески и газдата на поддржувачот Микросам, Самоил Самак ги свиткаа првите сарми. Работата ја продолжија 50 жени од Здружението Преродба, кои имаат рок од три дена да ги направат предвидените 60 илјади сармички. Јадењето за празникот во четврток, ќе бидат поставено на маси во центарот на Прилеп, каде ќе се гостат сите посетители.
„Чест и задоволство ни е што ја продолжуваме традицијата“, велат од здужението Преродба.
Како што најавија од општината, за посната слава покрај сармите има и 200 килограми грав, 150 килограми риби, вино и ракија, вино. Домаќините најавуваат и богата културна програма.
Прилеп со сармите во 2008 година влезе во Гинисовата книга.