07 Октомври, 2024
0.0246

ПРИЛЕПСКИ БИЗНИС: Кои се фирмите со кои работи општината?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Двете фази од изградбата на плоштадот Методија Андонов-Ченто во Прилеп ќе чинат 225 илјади евра. Сите пари од градската каса одат во касата на прилепската фирма КРИН КГ. Ова го покажуваат двата договори што локалната самоуправа ги склучила со фирмата КРИН КГ. Едниот договор за првата фаза е склучен на почетокот на 2013 година, додека вториот договор за втората фаза е склучен пред еден месец. Но, истата фирма, ќе добие дополнителна сума од 50 илјади евра за изработка и поставување на постамент за споменик на Крали Марко, за што пред еден месец е склучен договор. КРИН КГ имала и други бизнис зделки со општина Прилеп. Па така, за две години, според официјалните податоци на Бирото за јавни набавки изнесуваат прилепската фирма КРИН КГ од буџетот на општина Прилеп има добиено 372 илјади евра, тоа е вкупната сума на сите договори што во тој период се склучени меѓу локалната самоуправа и фирмата КРИН КГ. Плоштад Методија Андонов Ченто – 225 илјади евра Општина Прилеп, пред нешто повеќе од еден месец, склучила договор вреден 55,2 илјади евра со прилепската фирма КРИН КГ за архитектонско и партерно уредување на плоштад Методија Андонов Ченто. Како што е наведено во договорт, овие пари се наменети за втората фаза од уредување на прилепскиот плоштад, а договорот е склучен на 8, мај годинава. Од пристигнати четири понуди, избрана е пондудата на фирмата КРИН КГ. Истата фирма, во 2013 година го добила и тендерот за изградба на првата фаза од плоштадот Методија Андонов Ченто. Договорот за изгрдба на првата фаза од плоштаод е во вредност од 170 илјади евра. И таму е наведено дека овие пари се наменети за архитектонско и партрено уредување на јавна површина, објект плоштад Методија Андонов Ченто- пешачка улица -Борка Талески, прва фаза до кафе-бар –Вирус. Постамент за споменик на Крали Марко од бронза – 50 илјади евра Во истиот ден кога општина Прилеп склучила договор со фирмата КРИН КГ за втората фаза на плоштадот Методија Андонов Ченто, на фирмата и доделила уште еден договор вреден 50 илјади евра за изработка и поставување на постамент за споменик на Крал Марко (коњаник на коњ) од бронза. При тоа е наведено дека имало пријавени четири фирми, а бизнисот го добива фирмата КРИН КГ. Фирмата КРИН КГ работела со општина Прилеп имала уште еден бизнис во 2013 година, кога работела на архитектонско и партерно уредување на јавна површина на објект плоштад -Градска Саат Кула. Овој договор е во вредност од 97,2 илјади евра. И при тоа во овој избор имало пристигнато само една понуда. КОИ СЕ ФИРМИТЕ СО КОИ СОРАБОТУВА ОПШТИНА ПРИЛЕП КРИН КГ – зделки од 372 илјади евра за две години со општина Прилеп За две години, според официјалните податоци на Бирото за јавни набавки изнесуваат прилепската фирма КРИН КГ од буџетот на општина Прилеп има добиено 372 илјади евра, тоа е вкупната сума на сите договори што во тој период се склучени меѓу локалната самоуправа и фирмата КРИН КГ. Како сопственици на фирмата се јавуваат  Горѓи, Христо и Лидија Китановски и Александра Јовановска. А Лидија Китановска е сопственик на уште една фирма КРИН КГ Транс. Новоградба – зделки од 350 илјади евра за три години Општина Прилеп пред еден месец склучила договор со фирмата Новоградба, чиј сопственик е Милка Ингилизова за рекоснтрукција на општински улици. Договорот за оваа намена е вреден 103 илјади евра. Имало пристигнати 6 понуди но избрана е понудата на фирмата Новоградба. Договорот е со важност од една година. Со истата фирма општина Прилеп во 2012 и во 2013 година има склучено уште два други договори во вредност од 250 илјади евра. А договори од 40 илјади евра истата фирма склучила со две основни училипшта во Прилеп  во 2013 и 2014 година. Или за три години оваа фирма од општината има добиено 350 илјади евра, и дополнително 40 илјади евра од зделки со две училишта. Пела Транс – 753 илјади евра за две години   223 илјади евра вреди договорот што општина Прилеп во февруари годинава го склучила со фирмата Пела Транс за одржување и заштита на автопати, патишта и улици (зимско одржување на општински патишта и улици) за потребите на општина Прилеп за сезона 2014-2015. При тоа, во текот на зимата, опозицијата обвини дека улиците во Прилеп не се исчистени од снегот, и дека фирмата,  која по реакциите на граѓаните  почнала да работи, тоа го правела без склучен договор со локалните власти, но идека истата фирма е блиска на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинувањата меѓу опозицијата и локалните власти се случуваа во јануари годинава, а договорот со фирмата Пела Транс за чистење на улиците е склучен во февруари годинава. Истата фирма, Пела Танс која е во сопственост на Мире Синадиноски во периодот од 2013 година па досега со општина Прилеп склучила уште 3 други договори, во вредност од 530 илјади евра. Со тоа вкупната сума која Пела Транс ја добила од општина Прилеп за четири договори, во периодот од 2013 година па до последниот договор склучен годинава изнесува 753 илјади евра. А од договорите објавени на страната на Бирото за јавни набавки може да се види дека кај сите четири договори кои се склучени со оваа фирма, имало само по една понуда. Фирмата Пела Транс, работи активно и со останатите локални општини, Македонски Брод, Пласница, и Долнени од кои има инкасирано повеќе од 1,3 милиони евра од 2012 година. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип