Прилепскиот комбинат се задолжи за да продолжи со откупот на тутун
Објавено во: Агробизнис 24 Јануари, 2014 13:27
Земјоделскиот инспекторат го укина решението за забрана за откуп на тутун во прилепскиот Тутунски комбинат и му дозволи на овој откупувач од понеделник да го продолжи откупот.
„Го укинуваме решението за забрана за откуп од 13 јануари зошто комбинатот покажа средства со кои може да откупува и да исплаќа тутун. Од понеделник продолжува откупот во тутунскиот комбинат“, изјави Румен Стаменов, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Од комбинатот потврдуваат дека в понеделник го продолжуваат откупот. Прилепскиот тутунски комбинат остана без средства среде откуп затоа што ја зголеми динамиката по просечна цена од 172 денари за килограм. Неделава подигна банкарски кредит од околу 3 милиони евра за да се дооткупи договорениот тутун.
Според генералниот директор Александар Дерменџиев, досега се откупени над 1.370 тони, а вкупно се договорени околу 3.000 тони тутун.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





