29 Април, 2024
0.0304

Прилепскиот реон во топ форма – се чистат канали, тутунот е исушен, населението задоволно?

Објавено во: Агробизнис 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако населението од околните села е задоволно, мора да бидам и јас, изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој денеска контролираше како се чисти каналот Блато во Прилепско. Министерот гарантира, поплавите ќе бидат минато. „Може да се гарантира дека нема да има поплавување ниту на земјоделските површини, ниту на селата. Следните 7-8 километри од каналот кои ги планира прилепското водостопанско претпријатие „Прилепско поле “ за чистење в година, треба да бидат ставени во програмата на министерството за да ги финансира. Програмата што ќе се изготви кон крајот на годинава ќе биде претставена пред владата за да се исчистат нови 140 километри од каналската мрежа во земјава“, истакна министерот кој додаде дека годинава се исчистени 113 километри, или вкупно досега околу 500 километри од примарната каналска мрежа. Најголем проблем е одржувањето на каналите, вели министерот поради отпадот што го фрлаат жителите. „Ќе треба да се зајакнат контролите колку се одржуваат исчистените канали. За тоа мора да се најде механизам“, вели Димовски. Најкритични точки од полави во земјава, додаве дека се битолскиот дел на Пелагонија и реонот на Црна Река, односно каналите во должина од триесетина километри  каде како последица од последните дождови има оштетување на мрежа и во тек се градежни работи. За време на контролата во на работата во Водостопанство „Прилепско поле“ и чистењето на одводниот канал Блато, кај мостот кај село Боротино, министерот истакна дека е задоволен од тоа што трета година по ред се прави проектот за ран откуп на тутун во кутии,  најави дека се подготвува националната програма за заштита на земјоделските површини од климатските промени, а истакна и дека ќе се градат мини хидроакумулации за потребите на земјоделците. „Македонија, за жал е подложна на климатските промени. Ние сме една од петте најизложени земји, а еден од трите региони е Пелагонискиот.Ангажирана е управата за водостопанство, а се вклучени и надлежни институции од Турција“, вели Димовски.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?