Добивај вести на Viber
Договор за стратешко партнерство скучија Тутунскиот комбинат - Прилеп и гигантот
„Филип Морис“. Двете компании ќе формираат
ново друштво со ограничена одговорност „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ во кое „Филип Морис Интернешнл менаџмент“ ќе има 51 процент капитал учество, а ТК Прилеп 49 проценти. Управувачката структура ќе му припадне на странскиот партнер.
„Со овој потег ќе постигнеме една од стратешките цели, а тоа е да се добие трансфер на ноу хау од водечкиот играч од оваа индустрија во светот“, рече по потпишувањето на договорот вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
„Има најмалку три придобивки од договорот. Првата придобивка е за производителите на
тутун, за кооперантите и за вработените во ТК. Тутунскиот комбинат има околу 5.000 кооперанти производители на тутун и околу 1.000 вработени. За сите 6.000 семејства, со овој договор се обезбедува стабилна иднина и можност за позначаен откуп на произведениот тутун и стабилни услови за работење на комбинатот каде тутунопроизводителите го предаваат тутунот“, додаде вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Заедничкото друштво ќе биде одговорно за производство, дистрибуција, промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио, а ќе има обврска да презема и одредени количини ориентален тутун, откупен од посебната откупна единица на тутунскиот комбинат за потребите на странскиот партнер.
„Очекуваме заедничкото друштво да биде регистрирано да крајот на месецов. Веќе е поднесено барање до Комисијата за заштита од конкурентност која треба да даде свое мислење деновиве. Ќе следи преструктуирање, технолошко осовременување на производниот процес и дообука на вработените за производство на брендовите на „Филип Морис“. Сè на сè, до крајот на годината може да се очекува почнување на производството“, вели директорот на Комбинатот Александар Дерменџиев.
„Уверена сум дека овој заеднички потфат ќе донесе заедничка корист за нашите две компании и ќе создаде цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија. Ќе овозможи проширување на нашето присуство на македонскиот пазар, но исто така и натамошно зајакнување на нашето присуство во регионот на ЈИЕ“, вели потпретседателката на „Филип Морис интернешнл“ за ЈИЕ Спејси Кенеди.
Во договорот не е опфатен бројот на вработени во Тутунски кој моментално изнесува 993 лица, но се очекува негово намалување во понатамошната фаза. Раководството на компанијата засзега не прецизира колку вработени ќе треба да си одат, но најавува дека ќе се обиде проблемот со превработеноста да го реши побезболно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: