31 Март, 2025
0.0328

Примамлива понуда! Која компанија нуди 10 отсто од акциите?

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2021 07:21

Добивај вести на Viber

„Жито Полог“ ќе понуди на продажба 9,8 отсто сопствени акции. Ова е одлука на мнозинството акционери на последното акционерско собрание. Цената не е дефинирана ниту наинот на продажба, тоа ќе го уреди раководството согласно со законските овластувања. Дали помалите акционери на тетовската компанија ќе добијат понуда за превземање?

Мнозинството акционери на „Жито Полог“ од Тетово одлучија компанијата да ги понуди на продажба 5.499 акции со право на глас кои досега ги држеше во сопствен откуп. Оваа е една од одлуките на последното акционерско собрание со која се нудат на продажба 9,82 отсто од сите акции со право на глас во најголемата земјоделска компанија во Полог.

Во одлуката не е дефинирана цената по која ќе се понудат акциите на „Жито Полог“ туку тоа е оставено да го уреди извршниот директор согласно со законските овластувања. Акцијата на „Жито Полог“ во период од една година се тргувала во маргина од 517 денари за акција при што најниската цена била 1.800 денари, а највисоката пазарна цена достигнала 2.317 денари за акција. Номиналната вредност на акцијата е 50 евра, а книговодствено секоја акција вреди 8.070 денари.
Акционерите на „Жито Полог“ одлуката за продажба на сопствените акции ја носат со цел одржување на стабилноста на друштвото и усогласување со законските одредби.

Голема е веројатноста дека цената по која ќе бидат понудени овие акции да изнесува во рамки на пазарните цени што ги постигнала акцијата во последниот временски период. Можеби тоа ќе биде можност за најголемиот акционер кичевската трговска компанија „Сењак Ас“ кој сега поседува 18,12 отсто од акциите да купи поголем дел од сопствените акции и да стигне до максимално учество кое еден акционер може да го има без да даде јавна понуда за сите акции. А тоа би било до 25 отсто од сите акции со право на глас. Можеби и не е исклучена веројатноста за јавна понуда за сите акционери на „Жито Полог“.

Но тоа е тешко веројатно затоа што компанијата лани во септември ја затвори пекарата за леб и погонот за производство на тестенини заради корона кризата, нелојална конкуренција како и увозот на поевтино брашно од Србија.

Голема стратешка предност на „Жито Полог“ е тоа што поседува силоси за складирање жито. Компанијата произведува и сточна храна, а има и сопствена малопродажна мрежа во полошкиот регион како и погон за печење леб и погон за производство на тестенини.

Лани оваа тетовска компанија успеа годината да ја заврши со добивка од 137.000 евра, а приходите изнесувале 4,7 милиони евра. Ланската година беше значајно послаба од 2019 година и според приходите, но и според остварената добивка. „Жито Полог“ вработува 80 лица од Тетово и неговата околина.

Освен „Ас Сењак“ акционери во „Жито Полог“ се домашните градежни фирми „Софија Градба“ со 5 отсто од акциите и „Тим“ со 13,1 отсто од акциите, а Орка холдинг има 9,9 отсто. Акционери се уште и домашните физички лица Ненад Јосифовиќ со 12,5 отсто од акциите и Златко Пирузе кој има 11,5 отсто од управувачите права. Странскиот државјанин Сергеј Самсоненко има 15,5 отсто од гласовите во „Жито Полог“.


Можеби ќе ве интересира

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје