13 Јуни, 2024
0.0289

Пример за почит! Која македонска компанија за награди и дивиденди на вработените ќе одвои над 4,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ темелно и со крупни чекори гради имиџ на компанија чиј однос кон вработените е врвен приоритет. Поставува критериуми кои треба да ги следат сите компании кои водат грижа за своите човечки ресурси. Зошто? Од добивката за 2022 година компанија преку дивиденди и награди за вработените и менаџерите ќе издвои над 4,5 милиони евра. Така се гради лојалност кон компанијата и посветеност кон работните задачи

„Макпетрол“ ќе издвои повеќе од 4,5 милиони евра за своите над 1.200 вработени од добивката за 2022 година. Грижа за вработените на ниво. Ова е впечаток што ќе го стекне секој добронамерник што има основни финансиски познавања кога ќе ја прочита предлог-одлука за распределба на добивката од 2022 година која изнесува нешто над 21 милиони евра.

Со по 3.000 денари дивиденда за акција компанијата ќе ги награди и сите акционери кои одлучиле своите заштеди да ги вложат во акциите на „Макпетрол“.

За награди на своите вработени компанијата издвои над 2,4 милиони евра. Од тие пари за награди на вработените се наменети 1,8 милиони евра. За награди на шестчлениот управен одбор се наменети речиси половина милион евра. Дали е многу? А да не е е малку. Со своето управување на компанијата и донеле профит од 21 милиони евра. И за менаџерите односно лицата на раководни позиции се планирани 137.400 евра.

И сега доаѓа најолемиот колач. Дивидендата изнесува нето 5 милиони евра. Речиси целиот тој износ ќе остане во Македонија затоа што во „Макпетрол“ доминираат домашни акционери пред се физички лица од кои најбројни се актуелни и поранешни работници на најголемата македонска компанија за трговија на големо и мало со нафтени деривати.

„Макпетрол“ има , по слободни проценки, над 1.200 акционери сегашни или поранешни вработени во друштвото и во фирмите – ќерки. Тие сите заедно ќе земат нето износ од дивиденда во вредност од барем 2,2 милиони евра. Една четвртина од дивидендата ќе оди во фирмата ќерка на „Макпетрол“ – транспортното друштво ОИЛКО. Тоа значи повторно може да се прелее за идни поделби на дивиденди и награди за вработените на „Макпетрол“.

И да не заборавиме. „Макпетрол“ ќе подели нето износ 3.000 денари дивиденда за секоја акција со право на глас. Според апсолутната вредност – тоа е најголема исплатена дивиденда во споредба со сите други компании чии акции котираат на нашата берза.

Од другите ставки на кои ќе се распредели добивката за 2022 година вреди да се истакне следново: за нови инвестиции компанијата ќе издвои 5 милиони евра, за задолжителниот резервен фонд нешто над милион евра, за сопствен откуп на акции со цел да се одбрани од непријателско превземање ќе издвои уште 5 милиони евра и за пренос на добивката за идни години ќе канализира уште 2,3 милиони евра. 

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВО СОСЕДСТВОТО: Чистачките заработуваат и по 1.000 евра

ВО СОСЕДСТВОТО: Чистачките заработуваат и по 1.000 евра

ОТКРИВАЊЕТО НА НОВИ НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО СТАНУВА ТЕШКО: Koлкaви златни резерви има во светот?

ОТКРИВАЊЕТО НА НОВИ НАОЃАЛИШТА НА ЗЛАТО СТАНУВА ТЕШКО: Koлкaви златни резерви има во светот?

САДУЛА ДУРАКИ ОД ДУИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО „ТЕЛЕКОМ“ - ќе си биде пратеник, функциите се неспојливи

САДУЛА ДУРАКИ ОД ДУИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО „ТЕЛЕКОМ“ - ќе си биде пратеник, функциите се неспојливи

ВАКА НАЈУСПЕШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГИ ПРОНАОЃААТ И ГИ „ХАЈРУВААТ“ ВРВНИТЕ ИГРАЧИ - напишана е обемна студија како може да ги придобиете

ВАКА НАЈУСПЕШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГИ ПРОНАОЃААТ И ГИ „ХАЈРУВААТ“ ВРВНИТЕ ИГРАЧИ - напишана е обемна студија како може да ги придобиете

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ - за дивидендата, еве какви податоци треба да достават оние што тоа досега не го сториле

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ - за дивидендата, еве какви податоци треба да достават оние што тоа досега не го сториле

ДЗР во неверување,од концесија на рудници државата за четири години наплатила само 45 милиони евра

ДЗР во неверување,од концесија на рудници државата за четири години наплатила само 45 милиони евра

„НЕ МИ СЕ ЖАЛИ ЗА НЕШТО ШТО БИЛО ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ, НАПРАВИ НЕШТО“ - нови детали од поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор

„НЕ МИ СЕ ЖАЛИ ЗА НЕШТО ШТО БИЛО ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ, НАПРАВИ НЕШТО“ - нови детали од поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор

МЕРЦЕДЕС, БМВ И ФОЛКСВАГЕН СО ОСТРА РЕАКЦИЈА - ја критикуваа ЕУ за воведувањето царини за кинеските производители

МЕРЦЕДЕС, БМВ И ФОЛКСВАГЕН СО ОСТРА РЕАКЦИЈА - ја критикуваа ЕУ за воведувањето царини за кинеските производители

КОНЕЧНО, ПРВИОТ МАРКЕТ НА ЛИДЛ ВО СКОПЈЕ: Лидл го гради првиот продажен објект во метрополата

КОНЕЧНО, ПРВИОТ МАРКЕТ НА ЛИДЛ ВО СКОПЈЕ: Лидл го гради првиот продажен објект во метрополата