16 Декември, 2025
0.0548

Примирјето не траеше долго – Хамас пак напаѓа!

Објавено во: Свет 17 Јули, 2014 12:43

Добивај вести на Viber

Наместо предвидените пет, само два часа траеше примирјето на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас. Прекинот на огнот, постигнат на барање на Обединетите нации со цел да се обезбеди дотур на храна и лекови до населението во Газа, заврши во моментот кога палестинското милитантно движење Хамас упати најмалку две ракети кон израелска територија. Според локалните медиуми, Израел засега не возвратил на огнот. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале жртви или материјална штета. Израелската војска претходно соопшти дека решително ќе возврати доколку „Хамас или други терористички организации се обидат да го искористат примирјето“. Израел и Хамас денеска се согласија на петчасовен „хуманитарен прекин на огнот“, што требаше да биде прво подолготрајно примирје од почетокот на новите судири меѓу двете страни пред 10 дена. Новата ескалација на израелско-палестинските судири започна по киднапирањето и убиството на тројца израелски студенти во јуни годинава. За овој чин Израел го обвинува Хамас, иако палестинското движење негира одговорност.  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“