ПРИМИРЈЕТО ЗАВРШИ: Хамас тврди дека се убиени над 100 Палестинци во Газа
Објавено во: Свет 01 Декември, 2023
Од палестинската терористичка група Хамас велат дека утрово во Газа се убиени над 100 Палестинци.
Министерството за здравство на Газа објави дека загинале најмалку 109 Палестинци. Утрово заврши привремениот прекин на огнот. Израелската армија претходно соопшти дека ги продолжила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони извршуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.
Израелската армија соопшти дека копнените трупи истовремено уништиле структури кои биле минирани, тунели, како и локации за лансирање ракети и друга инфраструктура на Хамас.
Поморски ракетни чамци, тенкови и артилерија денеска извршија напади и во Газа, се додава во соопштението.
Во текот на денот од Појасот Газа се истрелани околу 50 ракети врз градови на југот на Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Белата куќа денеска соопшти дека и натаму ќе се залага за продолжување на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.