16 Декември, 2025
0.0408

Приштина: Србија не ги почитува договорите за северно Косово

Објавено во: Балкан 25 Март, 2015 18:46

Добивај вести на Viber

Белград продолжува да ги крши договорите постигнати во Брисел, затоа што ги поддржува „паралелни структури“ во северно Косово, чие отстранување е од клучно значење за ефикасно спроведување на договореното.

Ова се наведува во извештајот на владата во Приштина за спроведување на договорот меѓу Белград и Приштина во периодот од декември 2014 до март 2015, кој е испратен во Брисел.

„Поддршката на Србија на „паралелните структури“ сериозно го загрозува напредокот во функционирањето на законот и интегрирање на четирите општини на северот од Косово. Србија продолжува да го крши договорот од Брисел, барајќи овие општини да не асимилираат во општински буџети со обид да ја спречат интеграција на здравствениот и образовниот систем на Косово, се наведува во извештајот, изготвен од страна на министерот за дијалогот, Едита Тахири.

Весникот „Коха диторе“ пишува дека во извештајот се наведува дека овој период е одбележан со негативни дејства на Србија, која продолжува да ги поддржува „паралелните структури“ во Косово. Градоначалниците на општините во северно Косово имаат политичка поддршка од Србија и ја поткопуваат работата на градоначалниците и органите на општините, избрани во согласност со законите на Косово.

Во извештајот се истакнува и присуството на вооружени структури во северно Косово, познати како „Граѓанска заштита“. Косово покажал интерес за забрзување на спроведувањето на планот за отстранување на „цивилната заштита“ и интегрирање на нивните членови во косовските институции, се вели во извештајот, според кој Србија постојано доцни и не го обезбедува нивно реформирање, вклучувајќи ги и прописите за отстранување на структурите.

Според Косово, Србија продолжува да и става пречки на земјата за учество во регионалните организации, дури и во случаите во кои Косово е веќе член.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството