ПРИШТИНА ВО КАРАНТИН: Расте бројот на позитивни од Ковид 19
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Април, 2020
Приштина e во карантин, по вчерашните 33 случаи со Ковид-19 во Косово, од кои 20 од главниот град.
Министерството за здравство прогласи карантин на територијата на главниот град.
Вчера е забележано зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Се забранува влегувањето и излегувањето од територијата на општина Приштина, во која официјално има 47 заразени од новиот вирус.
Бугарија од денес воведе задолжително носење на заштитни маски.
Македонија и Србија се во карантин до раните утрински часови во понеделник.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.