22 Април, 2024
0.0276

ПРИСТИГНА НЕВРЕМЕТО ВО ДЕЛОВИ НА БАЛКАНОТ: И во Македонија ќе има силен ветер, но нема опасност од поплави

Објавено во: Македонија, Балкан 24 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Под влијание на веќе најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа, од денес, па за време на викендот во поголем дел од регионот се очекуваат силни удари на ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 85 км/час), објави метеорологот Славчо Попоски.

„ За време на викендот се очекуваат и доста обилни врнежи од дожд, особено во југозападна Босна, поголем дел од Црна Гора и на северот од соседна Албанија (се очекува да наврнат од 60 до над 150 литри дожд на метар квадратен), токму поради ова се можни и локални поплавувања.

На планините во Босна и Херцеговина, Црна Гора  и на северот од Албанија ќе врне снег, па така локално се очекува формирање на снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.

Кај нас во Македонија за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 километри на час). Исто така за време на викендот и кај нас ќе има врнежи, но тие ќе бидат далеку послаби за разлика од регионот и од локален карактер, што значи не потои никаква опасност од поплавувања.

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината, и тоа поради изразеното јужено воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Не се исклучува можноста тие во најтоплите централни и југоисточни предели да се искачат до околу 20 степени.

Натпросечното топло време за овој период од годината ќе продолжи и во текот на следната недела“, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

БОЈМАЦАЛИЕВ: Најден е сторителот за разбиената пратеничка канцеларија на Миле Лефков

БОЈМАЦАЛИЕВ: Најден е сторителот за разбиената пратеничка канцеларија на Миле Лефков

Нико Беќаровски: Економската директорка на Токсикологија вработува лица на кои не им е местото тука

Нико Беќаровски: Економската директорка на Токсикологија вработува лица на кои не им е местото тука