07 Октомври, 2024
0.0266

Пристигна во Македонија, автомобилот кој полусамостојно се управува, новата Mercedes E-Class

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

За помалку од еден месец откако ги напушти фабричките врати, новата E-Class пристигна во Македонија. Иако, беше планирано да се направи извесно, стандардно подновување на моделот, сепак  E-Class доживеа големи промени, кои можат да се забележат не само во надворешноста туку пред се во технологијата која ја носи во себе. „Новата E-Class која веќе е во салонот на Мак Аутостар, е уште едно продолжување на успешната приказна на Mercedes која ја имавме во изминатава година со претставување на новите модели со врвен дизајн и врвна технологија. Како што велат во фабриката Mercedes, за да се создава иднина, треба се биде во одлична форма, а токму тоа е и главната порака за новата E-Class - во совршено издание“, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ. Најдинамичната E-Class досега се вградени дури 11 нови или усовршени помошни системи содржани во најновата S-Class. Така на пример, новата E-Class може автоматски да го одржува растојанието со возилото пред Вас и во итни случаи може да иницира самостојно сопирање, што претставува полусамостојно управување или чекор поблизу кон паметните автомобили кои ќе можат сами да се управуваат. За таа цел, на располагање се многу иновации или напредни системи, како дел од Mercedes-Benz Intelligent Drive или помошни системи кои се грижат за безбедноста и удобноста на патниците, како што се: Исто така, традиционалните двојни предни светла, се заменети со единечен склоп на светлата, но кога ќе се вклучат светлата, се добива графички изглед на двојни светла. Кога станува збор за светлата и видливоста, новата E-Class поставува нови стандарди: средните како и дневните светла се изработени во т.н. LED технологија и се дел од станадардната опрема на возилото, додека целосни LED светла, се исто така достапни и тие се како опција, за првпат во оваа класа. Внатрешноста на E-Class е исто така визулено преработена и хармонизирана со експресивниот изглед на надворешноста. Високиот квалитет на материјалите и рафинираниот изглед го истакнуваат високиот квалитет на изработка. Што се однесува до удобноста при возењето, Mercedes посветува особено внимание, што во основа значи супериорно управување. За таа цел, новата E-Class има на располагање четири конфигурации на суспензија: Стандараниот модел и ELEGANCE се опремени со DIRECT CONTROL  и селективеен систем за потпирањесистеми кои се грижат за безбедноста и удобноста на патниците, како што се:
    • DISTRONIC PLUS со Steering Assist – радарски систем за одржување растојание со возило напред и помошен систем на управувачот, кој го олеснува одржувањето на возилото на коловозната лента и полуавтоматско движење на возилото во колона
    • За првпат, BAS PLUS, системот за помош при сопирање со Junction Assist, систем за детектирање на попречни движења на возила и пешаците, овозможува зголемување на силина на сопирање, при активирање на сопирачката од страна на возачот
    • PRE-SAFE®   BRAKE, може да детектира пешаци пред возилото и да иницира самостојно сопирање со цел избегнување удар при брзини на движење до 50 км/час
    • PRE-SAFE® PLUS може да препознае непосредна опасност од судир. Возилото кое се движи позади е предупредено со активирање на задни предупредувачки светла, со зачестено трепкање. Инаку, PRE-SAFE®  системот ги активира мерките за заштита за намалување на силите на кои се изложени патниците при евентуален судир.
    • Active Lane Keeping Assist – Систем за следење на коловозната лента. Кoга постои ризик од судир, системот го спречува возилото кога ненамерно ја напушта коловозната лента со активирање на сопирачките од едната страна.
    • Активна контрола на долги светла, функција која овозможува долгите светла да се одржуваат на ниво без притоа да предизвика заслепување од долгите светла на возила што доаѓаат спротивно
    • Активна паркинг контрола, овозможува автоматско паркирање со активен управувач и контрола на сопирачките, како при паралелно, така и при паркирање наназад
    • Функција за помош со сообраќајните знаци, која овозможува откривање и информирање за зоните каде е забрането претекнување, како и знаците кои го означуваат крајот на нивното значење. Во случаи на знаци кои означуваат некакви ограничувања за влез, исто така може да даде визуелни и звучно предупредување.
    • Камера со 360o  поглед, односно ја покрива видливоста на сите четири страни на возилото
    • Како дел од станадардната опрема, новата E-Class е опремена со COLLISION PREVENTION ASSIST, радарски систем за предупредување на судир, како и помошниот систем за сопирање. Овој систем значително помага во намалување на ризикот од судир. Како стандардна опција исто така е и ATTENTION ASSIST, кој помага во предупредување од невнимателност и опасност од поспаност, како и вкупното време изминато од последната направена пауза.
Новата E-Class располага со широк избор на бензински и дизел мотори. Сите се стандардно опремени со ECO старт / стоп функцијата и сите се високо ефикасни. Како новитет е BlueDIRECT бензинскиот мотор со четири цилиндри, со насочено распрскување при директното вбризгување на горивото, технологија заснована на последната генерација на 6 и 8 цилиндрични мотори на Mercedes-Benz. Оваа технологија вклучува брзо дејствувачки пиезо вбризгувачи, како и брзо палење со повеќе искри, турбо полнењето, потоа варијабилно приспособување на вратилото како во однос на всисната, така и во однос на издувната страна, како и воведувањето на стратификуваниот процес на согорување во комбинација со турбо полнење. Како резултат на сето тоа, новата E-Class со овој мотор постигна комбинирана потрошувачка од 5,8 л / 100 км и емисија на CO2 од само 135 г /км, со што е возило кое постигна класа на ефикасност А, кој воедно има EU6 станадард, кој треба да се воведе од 2015 година. Моќни дизел мотори во најдобрата класа на ефикасност Сите 6-цилиндрични мотори во новата E-Class се достапни како BlueTEC со EU6 станадард. Понудата на мотори е збогатена и со E 300 BlueTEC HYBRID, кој ги комбинира 4-цилиндричен дизел мотор со 204 кс и електричен мотор од 27 кс. Потрошувачка изнесува само 4.1 л / 100 км и емисија на CO2 од само 107 г / км. Со ова всушност е најекономичниот модел во својата класа возила. Инаку, новата E-Class се појави и во купе, кабриолет и караванска верзија. Бензински мотори
Модел цилииндри зафатнинаcc моќност вртежен момент 0-100 км/ч во сек. лит/100 км CO2г/км EU Класа на ефикасност
E 200 4 1991 135 kW (184 кс)/5500 300 Nm/1200 - 4000 7.9(8.3) 5.8(6.0) 135(139) 6 B
E 250 4 1991 155 kW (211 кс)/5500 350 Nm/1200 - 4000 7.4(7.8) 5.8(6.1) 135(141) 6 A
E 300 V6 3498 185 kW (252 кс)/6500 340 Nm/3500 - 4500 7.1(7.5) 6.8(7.1) 159(165) 5 C
E 300 4MATIC V6 3498 185 kW (252 кс)/6500 340 Nm/3500 - 4500 7.4(7.8) 7.4(7.8) 174(184) 5 C
E 350 V6 3498 225 kW (306 кс)/6500 370 Nm/3500 - 5250 6.3(6.7) 6.8(7.1) 159(165) 5 C
E 350 4MATIC V6 3498 225 kW (306 кс)/6500 370 Nm/3500 - 5250 6.6(7.1) 7.4(7.8) 174(184) 5 C
E 400 * V6 2996 245 kW (333 кс)/5250 – 6000 480 Nm/1600 - 4000 5.9(6.3) 7.5(7.7) 175(179) 6 C
E 400 4MATIC * V6 2996 245 kW (333 кс)/5250 – 6000 480 Nm/1600 - 4000 5.9(6.3) 8.0(8.3) 185(194) 6 D
E 500 V8 4663 300 kW (408 кс)/5000 – 5750 600 Nm/1600 - 4750 5.2(5.4) 8.9(9.3) 209(216) 5 210
E 500 4MATIC V8 4663 300 kW (408 кс)/5000 - 5750 600 Nm/1600 - 4750 5.2(5.4) 9.4(9.5) 219(222) 5 210
All figures based on 7G-TRONIC PLUS (figures in brackets apply to Estate), * = Дизелски мотори
Модел цилиндри зафатнинаcc моќност вртежен момент 0-100 км/ч iво сек. лит/100 км CO2г/км EU Класа на ефикасност
E 200 CDI 4 2143 100 kW (136 кс)/2800 – 4600 360 Nm/1600 - 2600 9.5(10.1) 4.9(5.3) 127(137) 5 A
E 220 CDI 4 2143 125 kW (170 кс)/3000 – 4200 400 Nm/1400 - 2800 8.4(8.6) 4.7(5.2) 125(134) 5 A
E 250 CDI 4 2143 150 kW (204 кс)/3800 500 Nm/1600 - 1800 7.5(7.8) 4.8(5.2) 128(136) 5 A
E 250 CDI 4MATIC 4 2143 150 kW (204 кс)/388 500 Nm/1600 - 1800 7.9(8.1) 5.5(5.8) 143(152) 5 A
E 300 BlueTEC V6 2987 170 kW (231 кс)/3800 540 Nm/1550 - 2400 7.1(7.4) 5.5(5.7) 144(152) 6 A
E 350 BlueTEC V6 2987 185 kW (252 кс)/3600 620 Nm/1600 – 2400 6.6(6.9) 5.5(5.7) 144(152) 6 A
E 350 BlueTEC 4MATIC V6 2987 185 kW (252 кс)/3600 620 Nm/1600 - 2400 6.7(7.0) 6.0(6.4) 160(170) 6 B
E 300 BlueTEC HYBRID 4 2143 150 kW (204 кс)/4200Electric motor19 kW (26 кс) 500 Nm/1600 – 1800Electric motor280 Nm 7.5(7.8) 4.1(4.4) 107(116) 5 A+
All figures based on 7G-TRONIC PLUS (figures in brackets apply to Estate) Посетете ја посебната web страна на новата E-Class http://www.e-iskustvo.com/  

Можеби ќе ве интересира

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

ЕСЕНСКА „БУРА“ ОД ВЛТ ДОБИВКИ: СО 1.327.709 ДЕНАРИ ДЕАН АЏИЕВ Е СРЕЌЕН МИЛИОНЕР

ЕСЕНСКА „БУРА“ ОД ВЛТ ДОБИВКИ: СО 1.327.709 ДЕНАРИ ДЕАН АЏИЕВ Е СРЕЌЕН МИЛИОНЕР

Имлек Протеин – Движечката сила на 14 300 учесници на ВизЕр Скопски маратон

Имлек Протеин – Движечката сила на 14 300 учесници на ВизЕр Скопски маратон

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лаиф

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лаиф

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Зад сцената на серијата Galaxy Buds3: Планирање на производ за супериорно аудио искуство

Зад сцената на серијата Galaxy Buds3: Планирање на производ за супериорно аудио искуство

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!