ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ГОСТИ ВО ОХРИД - средбата меѓу балканските лидери ќе биде придружена и од американски и европски дипломати

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Охрид се сретна со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
На средбата, на која присуствуваa и амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министерот за надворешни работи, Османи, премиерот Ковачевски ја истакна поддршката на Владата на Република Северна Македонија на дијалогот помеѓу Белград и Приштина во насока на целосно утврдување на патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Премиерот ја нагласи важноста од изнаоѓање на решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог.
Заеднички беше констатирано дека со својата принципиелна надворешна политика базирана на дијалог и компромис во функција на напредок, Северна Македонија како домаќин на овој настан е препознаена како кредибилен партнер на меѓунардоната заедница.
Во Охрид ќе пристигнат и српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, а средбата се одвива под покровителство на ЕУ.
Претходно, Ковачевски отпатува за Охрид од Скопје во придружба на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Борел и Лајчак денеска во главниот град имаа средби со државниот врв, а високиот претставник на ЕУ ја предводеше европската делегација на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Северна Македонија.
Утре, Курти и Вучиќ ќе имаат средба во Охрид, чија цел е нормализација на односите помеѓу двете земји. Состанокот во Охрид е продолжение на дискусијата што двајцата лидери ја имаа на 27 февруари во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е
ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати
