ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА КОИ ОТИШЛЕ СО ТАКСИ ДА ГО ПАЛАТ АВТОМОБИЛОТ НА ШИЛЕГОВ - за третиот е отфрлена кривичната пријава
Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 13:58
Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 24 и 22 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„Со кривичната пријава за истиот настан беше опфатено уште едно лице за кое надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на пријавата, бидејќи за него не се утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Двајцата осомничени соизвршители, на 9 март, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето. Првиот осомничен повикал такси возило во Ѓорче Петров и влегол на совозачкото седиште, носејќи со себе пластична туба со жолта течност. На таксистот му кажал да вози до улицата „Козле“, каде во возилото се качил вториот осомничен. По пат двајцата се договарале за начинот на кој ќе го извршат кривичното дело. Од такси возилото се симнале на булеварот „Партизански одреди“ и продолжиле да се движат пеш.
Кога пристигнале на улицата „Мексичка“, двајцата осомничени со течноста полеале паркиран автомобил Ауди Q5 и го запалиле. Пламенот се проширил, па освен автомобилот Ауди, целосно изгорел и автомобил Фолксваген пасат, додека делумно биле зафатени и оштетени уште два други автомобили и еден објект. Со тоа осомничените предизвикале поголема имотна штета“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото. Судијата го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




