Притвор за ресенчанка, пијана предизвикала сообраќајка со смртни последици на совозачот
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022 12:07
Основното јавно обвинителство Битола известува дека ресенчанка е притворена затоа што под дејство на алкохол предизвикала сообраќајна несреќа во која што животот го загубил нејзин совозач.
Таа се товари за кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„На 28 ноември, на магистралниот пат Битола-Ресен, осомничената жителка на Ресен управувала автомобил „Мазда 3“ под дејство на недозволено количество од 0,98 грам промили алкохол во крвта. Во алкохолизирана состојба не ја приспособила брзината на автомобилот кон условите на патот – остра кривина и намалена ноќна видливост.
Како резултат на ова возилото излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во заштитната ограда. Дел од оградата се откинал при ударот и навлегол во внатрешноста на возилото кон совозачкото седиште, а сопатникот во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди на мозокот и починал“, објави обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка куќен притвор за осомничената.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




