Добивај вести на Viber
Поради ставање асфалт во следниве два дена, на 25-ти и 26-ти април се воведува привремен режим на дел од булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бензинската пумпа „Марија трејд“. Како што информираа од Град Скопје, протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.
Привремен сообраќаен режим во наредните два дена ќе се воведе и на крстосницата кај населбата Усје, заради асфалтирање на коловозот. Поради тоа надлежните апелираат на користење на околната патна мрежа.