05 Декември, 2025
0.0609

Привремено запира постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено во: Економија 26 Август, 2025 09:35

Добивај вести на Viber

Привремено се запира постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола од страна на српската Алта банка. Одлуката ја донесе Комисијата за хартии од вредност, а причината е промена на преземачот во рамки на истата групација.

„Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година заведено под архивски број 02-10332/1 до Стопанска банка а.д. Битола достави Решение УП1 бр.10-54 од 19.8.2025 година, со кое, врз основа на член 1 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва (“Службен весник на Република Македонија„ бр.69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2020) и член 54 став 1 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2015), постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација“, соопшти банката преку Македонската берза. 

Се појаснува и дека Алта банка не се откажува од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно само врши промена на преземачот во рамките на истата групација.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...