Приврзаниците на Каракачанов протестираа поради страв дека Петков ќе го тргне ветото за Македонија
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022 17:41
Во бугарската престолнина Софија се одржа протест, поради страв дека Бугарија може да го тргне ветото и да доволи Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Антивладин протест против наводното планирано предавство на бугарските национални интереси од страна на бугарската власт, вчера во Софија организираше ВМРО – Бугарско национално движење. ВМРО-БНД побара оставка од премиерот Кирил Петков, за кој тврди дека бил подготвен да го укине ветото за пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ, објави „БГНЕС“
Почесниот претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов упати критики кон Петков.
„Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но и оној што најдобро ја користи ситуацијата. Како што Коминтерната ја предаде Бугарија по 9 септември, така се подготвува слично повлекување. Радикални мерки“, порача Каракачанов.
Бугарски „Њуз“ пренесува дека на протестот се слушале и традиционални македонски песни.
Инаку, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Македонија и Албанија мора да имаат иднина во ЕУ. Според него, ако падн Владата, тоа не е негова одговорност.Фото: Принт-скрин
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




