Признание „Пријател на Македонија“ за Стјепан Месиќ
Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2016 19:05
Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови, рече Месиќ на предавањето по свеченото доделување на годишните признанија на Тангентата.
Граѓанската организација „Хрватско-македонска тангента“ вчера во Шибеник му додели високо признание на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ . Во образложението е нагласено дека претседателот Месиќ во текот на долгогодишната соработка со „Хрватско- македонска тангента“ поддржал и поттикнал голем број иницијативи и проекти на оваа невладина организација во доменот на хрватско- македонските културни, стопански, медиумски и политички доближувања. Месиќ е првиот носител на признанието „Пријател на Македонија“, кое е втемелено во август годинава и во иднина ќе се доделува секоја трета година.
Во рамките на настанот претседателот Месиќ одржа предавање и предизвика големо внимание меѓу присутните гости и членови на „Хрватско-македонска тангента“. Тој се осврна на повеќе актуелни теми и истакна дека верува во заедничката иднина на Хрватска и Македонија.
Во врска со македонските избори на 11 декември Месиќ го истакна нивното значење и своето мислење дека тие ќе бидат вистинска прекретница.
-Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Македонија на тоа има право. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови. Со влезот на Македонија во ЕУ ќе добиеме уште еден забрзан чекор кон здружената Европа, рече Месиќ.
На свеченоста беа врачени и три традиционални годишни признанија на личности кои значајно придонесуваат во реализација на проектите на „Хрватско-македонска тангента“. Од областа на медиумите годинешни добитници се новинарките Марина Јурковиќ од Слободна Далмација и Ксенија Билан од Шибенски портал, а од областа на културата, Вилијам Лакиќ, директор на градската библиотека во Шибеник.
Во повод на доделувањето на признанието „Пријател на Македонија“ на Стјепан Месиќ, честитки испратија почесните членови на „Хрватско-македонска тангента“, поранешниот хрватски претседател, д-р Иво Јосиповиќ, амбасадорите Данчо Марковски и Златко Крамариќ, генералот Лука Џанко и актерот Раде Шербеџија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




