Признато убиството на новогодишната ноќ во Охрид - Србинот ќе се брани со молчење
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 19:31
Обвинетиот Бојан Угреновиќ од Србија на почетокот на судењето денеска во Охрид искажа дека е виновен за убиството извршено на новогодишната ноќ откако до смрт го претепал Димитар Матилоски во центарот на градот по расправа во дискотека. Угреновиќ исто така одбра да се брани со молчење.

Угреновиќ ќе одговара за убиство и покрај тоа што семејството и охриѓани преку мирен протест бараа промена на обвинителниот акт во убиство на свиреп и подмолен начин.
На 6 јуни годинава, Цветанка Матилоска-Пешиќ, сестра на починатиот 26-годишен Димитар Матилоски, рече дека судот не ги зел предвид доказите од вештачењето што тие го направиле за убиството на Димитар.
– Судско-медицинското вештачење што беше направено во Битола, имаше многу нелогичности, многу докази воопшто не беа третирани и затоа ние како семејство направивме приватни судско-медицински вештачења – рече Матилоска-Пешиќ.
Угреновиќ (29) од Краљево, лани на новогодишната ноќ на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




