05 Декември, 2025
0.0336

Про Кредит најави видно олеснување на пристапот до финансирање за агро бизнисите

Објавено во: Агробизнис 09 Февруари, 2015 09:32

Добивај вести на Viber

Четиринаесетте наградени агро бизниси од ПроКредит Банка, присуствуваа на најголемиот саем за земјоделие и храна во Европа, Fruit Logistika во Берлин.

Во рамки на посетата имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис контакти за соработка имајќи пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент.

За наградените агро бизниси ПроКредит организираше и деловна средба со петнаесет откупци на земјоделски и прехрамбени производи од Германија заитересирани за откуп од земјите во регионот.

prokredit

Македонските агро бизнисмени беа едногласни во ставот дека инвестирањето во технологија ,иновации и нови хибридни сорти се вратата за успех на Европските пазари. Германија ја гледаат како пазар со голем потенцијал за македонските производи од кој особен интерес постои за јаболки, грозје, лубеница, краставица, пипрка, домат.

‘’Од саемот добив корисни сознанија што му треба на европскиот пазар. Ова е предизвик да се пробиваме за подобар пласман и да се вратиме со визија за инвистициите кои се потребни за да конурираме таму.“, изјави Бубе Трајковски, Клечовце, избран од ПроКредит Банка за најпроактивен агро бизнис во категорија на житни култури.

Европските пракси покажуваат дека формите за заштита на земјоделскиот род од природни непогоди со какви штотуку се среќаваме се одамна надминати со инвестиции во системи за управување со наводнувањето, заштитни механизми и системи за анализа на почвата.

prokredit 1

Европското земјоделство бара константно добар производ и загарантирана количина на договорените пласмани.

‘’ПроКредит заедно со најпроактивните агро бизниси кои ги наградивме беше присутна на саемот во Берлин. Ние сме специјализирана банка и ваквите настани се клучни за да ги следиме, стимулираме и финансиски да ги поддржиме бизнисите во инвестиции од европски калибар за унапредување на работата .’’ изјави Стевче Кузмановски. директор на сектор за мали и средни претпријатија.

Од банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот Гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи.

ПроКредит Банка верува дека преку ваквите форми за вмрежувањена македонските агро бизниси даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?