ProActive - сметка што води сметка за вас и за сѐ околу вас
Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2025 12:09
Неодамна ПроКредит Банка ја лансираше новата, уникатна банкарска услуга за физички лица - ProActive сметка што носи многу поволности за корисниците, меѓу кои е и одговорноопштествено влијание. Од банката велат дека ова решение е креирано за поединци кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат поголемо значење.
Корисниците на ProActive сметката, за фиксен месечен надомест добиваат сеопфатен пакет: денарска и девизна сметка, премиум дебитна Mastercard World биоразградлива картичка и неограничен пристап до дигитални банкарски услуги.
ProActive сметката овозможува неограничени бесплатни повлекувања на готовина од сите банкомати низ државата, како и бесплатно повлекување на евра директно од банкоматите на ПроКредит, во било кое време, обезбедувајќи флексибилност и заштеда за оние кои се постојано во движење. Отворањето сметка е брзо и лесно, преку целосно дигитализиран онлајн процес со кој не е потребна посета на експозитура.
Mastercard World премиум дебитната картичка што им следува на корисниците на овој пакет, овозможува низа дополнителни поволности:
- Екслузивен пристап за користење на Mastercard LoungeKey на над 1.500 аеродроми во светот
- Поволности за роаминг со Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam во повеќе од 200 земји
- Пристап до Mastercard® Travel Experiences и Fast Track услуга, овозможена од Dragon Pass на повеќе од 70 аеродроми низ светот - можност да го прескокнете редот и да добиете попуст во одредени ресторани
Самата картичка е изработена од биоразградливи материјали, што ја одразува посветеноста на ПроКредит Банка кон намалување на штетното влијание врз животната средина и промовирање на зелени практики во секој сегмент од своето работење.
Но, она што навистина ја издвојува ProActive сметката од сите други банкарски решенија на нашиот пазар е вклучувањето на корисниците во општествено одговорните активности на банката.
Од секоја сметка, ПроКредит Банка издвојува 30мкдод месечната провизија, средства кои одат во фондот за донации со кој се поддржуваат локални проекти насочени кон позитивен ефект врзживотната средина, општественото и економско влијание.
Корисниците на оваа сметка, како дел од активна и транспарентна заедница, ќе добиваат редовни информации за влијанието од нивниот придонес и имаат можност да учествуваат во споделувањето на идеи кои иницијативи би сакале бидат поддржани.
ProActive сметката е суштински дел од пошироката ProActive платформа, која ги обединува иновативните банкарски производи, едукативните ресурси и активната заедница на истомисленици кои заедно работат на создавање подобра иднина.
Сите информации за ProActive пакетот се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




