Добивај вести на Viber
Фармерите од повеќе села од Прилепскиот регион реагираат на одлуката на млекарата “Суташ” која деновиве го стопирала откупот во овие делови од овој регион. Иако не сакаа јавно да зборуваат, дел од фармерите коментираат дека вработените од млекарата кои вршат откуп во овој регион им сооштиле дека млеката неможе да им го откупат со образложение дека има високо ниво на бактерии. За фармерите е нејасно како претходните денови се било во ред и како одеднаш се открива дека нивното млеко има зголемено ниво на бактерии.
-Откупот течеше најнормално заклучно со минатиот месец. Овој месец човекот што е задолжен од “Суташ” за откуп во овој регион ни рече дека откупот се стопира бидејќи се утврдило дека млекото има зголемено ниво на бактерии. Ни рекоа да почекаме 20 дена и дека потоа повторно ќе дојдат, да земат мостри и ако се подобрела состојбата ќе продолжеле со откуп. Не можам да кажам дали навистина млекото има повеќе бактерии оти претходно се беше во ред, внимаваме на хигиената. Во однос на откупната цена на млекото, до февруари беше 19,5 денари за литар и потоа ја намалија на 17 денари со образложение поради падот на цената на млекото во Европската унија. Колку што имам информација откупот е стопиран во повеќе села во прилепско. Сега не знаеме што да му правиме на млекото, вели фармер од прилепско Кривогаштани.
Според фармерите задолжените луѓе од “Суташ” за откуп во прилепскиот регион им кажале дека решението за зголемено присуство на бактерии во млекото стигнало од Агенцијата за храна и ветеринарство, од каде и наложиле на млекарата 20 дена да го стопира откупот на млеко. Фактор побара информацијата од Агенцијата, но не добивме одговор.
Млекарата “Суташ” е присутна речиси две години на македонскиот пазар
Млекарницата “Балканска млекара” чиј основач е турскиот гигант “Суташ” со откуп на млеко во земјава почна во мај 2013-та година. Се најави како инвестиција во вредност од околу 15 милиони евра. Голем дел од фармерите потпишаа кооперантски договори поради поволните услови, а млекарата најави крупни бизнис планови. Изминатиот период на пазарот се лансираа и нови производи под брендот “Суташ”. Турскиот гигант ја купи пропаднатата “Сведмилк” од Тутунска банка за 4,5 милиони евра, а раководството најави дека “Балканска млекара” ќе стане најголема на Балканот.
Во Македонија работат над 70 фабрики за млеко и млечни производи
Клучни параметри при одредувањето на цената ќе бидат протеините и мастите чиј однос треба да е 60:40. Класите се формираат врз основа на присуството на микроорганизми и соматски клетки. Согласно европските стандарди, еден милилитар млеко треба да има максимум 100.000 бактерии и 400.000 соматски клетки, обезмастена сува материја најмалку 8,5 проценти и три отсто протеини. Со Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020, со која е предвидено окрупнување и зголемување на бројот на грла, примена на добра земјоделска пракса односно превенција од маститис, подобрување на расниот состав, исхраната, заштитата. Годинава и субвенциите за млеко ќе се даваат според квалитетот, што ги стимулира фармерите да внимваат на квалитетот на млекото.
Во земјава работат 77 капацитети за производство и преработка на млеко и млечни производи. Годишната продукција на млеко во Македонија се движи од 2.800 до 3.000 литри од крава. Споредено со земјите од Европската унија каде што продукцијата е 7.000 до 8.000 литри млеко по крава, нашиот фармер со ваква млечност е далку од рентабилно производство. Поради недостигот на сурово млеко, дел од фабриките работат со околу 40 отсто искористеност на капацитети. Македонија и понатаму останува увозно зависна од млеко и млечни производи. Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2008 година за увоз на млечени производи и јајца се поторошиле над 29 милиони евра, од кои најголемиот дел за млеко и млечни производи. Во 2013-та година увозот изнесувал над 44 милиони евра. Македонија увезува млеко и млечни производи, главно од Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Чешка, Бугарија, Грција, Франција.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: