ПРОБЛЕМ ЗА СРПСKИТЕ ТУРИСТИ: Грчката ковид апликација не го чита кодот од српскиот сертификат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Јули, 2021 20:12
Грчката ковид апликација не го чита кодот од српскиот сертификат за вакцинација.
Aпликацијата на грчкото Mинистерство за дигитална управа Covid Free GR, која служи за проверка на веродостојноста на документите за статусот на имунизација не го отчитува QR кодот од дигиталниот сертификат кој го имаат добиено сите вакцинирани во Србија. Oвој проблем го имале српски туристи на пристаништата Трипити и Уранополис на Халкидики, а новинарка од редакцијата на Нова.рс, која летува на Јонскиот брег и самата се уверила дека QR кодот не функционира.
„Од петокот, влез во ноќните клубови, локали и барови кои работат во затворен простор е дозволен, но под услов гостите да седат и пред да влезат задолжително да го покажат кодот со доказот за вакцинација. Таа вечер, апликацијата која ја користеа лицата од обезбедувањето во еден познат ноќен клуб во Парга не можеше да ги отчита нашите два дигитални сертификати. Покажуваше дека тие не се валидни“, сведочи новинарката.
Српската министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ за Н1 потврдила дека се запознаени со проблемот и работат на негово решавање, додавајќи дека официјално, од други места не стигнувале пријави за неисправни кодови.
Деновиве вратени се повеќе од 2.500 луѓе кои тргнале на грчките острови.
Бројот на заразени во Грција дневно се движи до 3.000, а во земјата на сила се повеќе рестрикции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





