04 Декември, 2024
0.0494

Проблемите на земјоделците и земјоделските субвенции

Објавено во: Агробизнис, Колумни 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Оваа пролет земјоделците во голем дел од најинтензивните земјоделски реони во Македонија се доживееа сериозни стресови и високи материјални штети. Тоа не е новина , таков е животот и бизнисот на земјоделците, особено за оние што не го осигуруваат производството. Во тој однос, и покрај релативно високото учество што го обезбедува Агенцијата за          поддршка на земјоделството и руралниот развој, земјоделците не го осигуруваат производството на нива поради несреден    пазар за земјоделско осигурување и релативно неповолните услови на осигурителните компании. Да се надеваме дека државата ќе им помогне на оштетените земјоделци да се ублажат штетите. За жал, карактерот на земјоделскиот бизнис е таков, што фрустрациите и стравот на земјоделците не престанува се дури производството е на  отворен   простор и на секојдневно влијание и на добрите и на лошите временски промени. Сигурно е дека земјоделците ќе бидат помирни, претприемчиви  и ќе настојуваат да применуваат современи методи во производството ако имаат доволно средства, ако државата своите обврски ги исполнува како што тие својата обврска, да произведува земјоделски суровини и храна. Обврските на државата во денешно време кон земјоделците (земјоделството) се многубројни и сериозни. 

Покрај  навремено   донесување на основните закани, уредби, прописи    и други акти и мерки со кои се уредуваат фукциите на земјоделскиот бизнис, пазарот, извоз и увоз важно е создавање    на амбиент за развој на  вкупниот агрокомплекс      во согласност со начелата на слободниот пазар следејќи ги и применувајќи ги мерилата и стандардите      на земјоделстовото на ЕУ – како земја кандидат за членство во ЕУ. Покрај грижата на земјоделците за секојдневните проблеми, оваа пролет се појави, за некои очекуван за некои неочекуван проблем, кој особено непријатен и   уште постресен за сите регистрирани земјоделци кои две години не си ги добиле средствата за пријавеното производство. 

Дури сега широката јавност дозна за овој проблем, бидејќи никој сериозно не застана на страна на земјоделците, туку само поединци, а  федерацијата,         сојузот и други покрупни асоцијации кои се повеќе на страната на власта отколку на страната на земјоделците, не се залагаат за нивните интереси. Оваа состојба со заостанување на исплата   на субвенциите е многу сериозна, но да се надеваме дека ќе бидат  исплатени  со задоцнување. Иако не е пријатно, но сакам да се потсетиме дека големи суми финансиски средства несоодветно се изгубени последните  години за македонското земјоделство, како што се: буџетски средства за рурален развој и уште поголем обем на средства од ИПАРД, бидејќи компетентните институции на Државата не најдоа модели и системи со кои да помогнат овие средства да ги искористат  земјоделците за инвестирање во модернизирање на земјоделството. 

Не се само тие срества неповратно изгубени,споредбата на планираните финансиски средства за поддршка на земјоделството (субвенциите) според гидишните    програми со исплатените финансиски средства покажува дека просечно годишно (од 2010 до 2014 год.) земјоделците добиваат 30 % помалку од што е предвидено со Програмата врз основа на буџетите на државата. Ако се анализира планирањето на овие средства за последните години ќе се видат сериозни недостатоци кои укажуваат дека   скептиците кои    предвидуваат “колапс” на средствата за субвениции се “сериозни”.  По 2010 година, кога планираните (  ветените ) финансиски средства на годишно ниво осетно се зголемуваа, настануваат компликации во планирањето(таб.1) така од вкупните средства за 2010 година, за растителното производство биле издвоени  55,13%,, за сточарството 32,53%, во последните две години (2016 и 2017) планирани се нешто над 30% за растително производство, односно пад од 20% за сточарството. 

Така се покажува дека најважните мерки на плаќање (директните плаќања) во растителното производство во 2017 год. се планирани помалку во однос на 2010 год. за 22,35%, а во сточарството се намалени за 13,23%. Во апсолутни износи, разликата на планираните средства во 2010 год. за растително и сточарско производство заедно изнесува 24,8   милиони евра     повеќе отколку 2017 год., а разликата на севкупните средства изнесува во полза на 2017 год. само 7,8 милиони евра. Зошто е тоа така, се гледа од структурата  на планираните средства. Влошувањето започнува во 2015 година, но за  2016 и 2017 година се јавуват големи промени во планирањето.   Трудностите се јавуваат со неисплатените средства во 2015, а сигурно и во 2014 година поради што за плаќање на нереализирани срества во претходни години во 2016 и во 2017 година се  над 45%, а претходно околу 14%. Покрај тоа, во овие две години се ангажираат извесни суми за средства за  “надомест на загуби од невреме” и тоа по 1,6 милиони евра во 2016 и во 2017 година. 

Овие средства државата треба да го обезбеди од други извори, бидејќи се знае дека средствата за поддршка на земјоделството можат да се пружат само за подддршка, а за заштита од штети ги поддржува земјоделците со учество од 70% од вредноста на  помошта за осигурување. Покрај изнесените недостатоци во планирањето на средствата се покажува нерационално зголемување на култури и активности кои се поддржуваат, на пример: колку се важни за националната економија: просо, хмељ, леќа, памук, шеќерна репа, хелда, овчарски кучиња и друго. За деформацијата на програмите за поддршка на земјоделството  во последните години и нестручниот пристап кон многу мерки ќе се произнесеме дополнително.

Проф. Д-р. Борис Aнакиев

 Таб. 1. Планирана структура на финансиски средства за поддшка на земјоделството.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.