ПРОБЛЕМОТ СЕ РАЗВЛЕКУВА, ПРЕВОЗНИЦИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ - утре нови блокади пред ЈСП
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2023 14:47
Нови протести најавуваат приватните превозници кои ќе се одржат утре од девет часот наутро пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.
Исен Халили од „Макекспрес“ посочува оти се одржал состанок на лица од двете компании, на кој е одлучено да се протестира во текот на утрешниот ден. Како што нагласи Халили, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа, со трошоци, но без приливи.
На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.
И Милоград Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес“ потврди дека таков состанок е одржан.
- Превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ сами одржале состанок и се договориле утре од девет часот да одржат протест пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Јас не бев присутен на тој состанок, но ја добив информацијата од колегите кои биле присутни, дека така е договорено. Има информации во јавноста дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз“, по кој основ, не знам. Кај нас немаат префрлено ништо од 2 ноември наваму - вели Димитриевски.
Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека тој лично не е информиран за протест што ќе се одржи утре пред седиштето на ЈСП во Автокоманда
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




