ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПРАВАТ ВОДЕЧКИТЕ СВЕТСКИ ЕКОНОМИИ ЗА ДА ИМ ГО ОЛЕСНАТ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Еве вака се штити својот народ
Објавено во: Економија 18 Мај, 2023
Прекините на глобалните синџири на снабдување предизвикани од пандемијата и ефектите од руската инвазија на Украина уште лани предизвикаа зголемување на цените на енергијата, стоките и основните артикли, поттикнувајќи криза во животниот стандард. Ако погледнеме во ланската година и активностите на големите земји, се поставува прашањето како големите економии им го олеснуваат животот на своите граѓани и како одговорија на овие проблеми.
Германија како најголема европска економија од 1 октомври воведе данок на цената на гасот за сите потрошувачи. Месец претходно, тамошната влада најави државна помош од 15 милијарди евра за Унипер, најголемиот увозник на руски гас во земјата. Исто така, го намали данокот на бензин и дизел и силно ги намали трошоците за јавниот превоз.
Францускиот парламент на 3 август лани усвои пакет помош за борба против инфлацијата во вредност од 20 милијарди евра. Французите решија да ги зголемат пензиите и некои форми на социјална помош и им дозволија на компаниите да им плаќаат на вработените повисоки бонуси без данок во обид да ја зголемат куповната моќ на домаќинствата.
Еден ден по Франција, Италија го одобри својот пакет помош во вредност од околу 17 милијарди евра со цел да ги намали сметките за струја и гас. Оваа сума е всушност додаток на веќе потрошените 35 милијарди евра од почетокот на годината, а кои беа насочени кон ублажување на последиците од зголемените трошоци за струја, гас и бензин.
Полска воведе помош во форма на „платен одмор“ за граѓаните со заеми во националната валута, злоти. Овој мораториум им овозможи да прескокнуваат плаќања за осум месеци во период од две години.
Ограничување на цената на горивото
Американскиот Сенат пак го одобри Законот за намалување на инфлацијата, план од 430 милијарди долари кој, меѓу другото, ги намали трошоците за лекови на рецепт, ги зголеми некои корпоративни даноци и воведе мерки за поттикнување на енергетската ефикасност.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и владата на земјата вршеа притисок врз државната енергетска компанија Петробрас дополнително да ги намали цените на горивото. Компанијата во јули воведе две одделни намалувања на цената на горивата за вкупно девет отсто, со што цените се најниско од март.
Во мај лани, Индија воведе ограничувања на извозот на прехранбени производи, вклучувајќи пченица и шеќер, кои сочинуваат речиси 40 отсто од индексот на потрошувачките цени. Го намали и данокот за увоз на масло за јадење.
Најавени беа и дополнителни мерки
Јапонија во април минатата година одобри пакет помош од 103 милијарди долари за да го ублажи економскиот удар од зголемените трошоци за суровини. Така, беа воведени субвенции за намалување на цените на бензините и готовинските плаќања за домаќинствата со ниски приходи и деца. Јапонскиот премиер Фумио Кишида посочи дека може да има дополнителни потези доколку продолжи кризата во животниот стандард.
На почетокот на јули Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати најавија зголемување на трошоците за социјална помош. ОАЕ ја удвои финансиската поддршка за семејствата со ниски приходи на вкупно 7,6 милијарди долари, додека саудискиот крал Салман одвои дополнителни 5,42 милијарди долари за истата цел.
Турција на почетокот на јули ја зголеми минималната плата во земјата за околу 30 отсто, додавајќи на зголемувањето од 50 отсто на крајот на 2021 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.