Продадени 136 градежни парцели во општина Илинден, најинтересна населбата „Јака“
Објавено во: Мои пари 10 Јануари, 2013 11:35
Во текот на 2012 година преку електронско јавно наддавање Општина Илинден има продадено 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни. Најголем интерес имало за замјиштето во новата населба за домување „ Јака“ , соопшти денеска Општина Илинден.
Од вкупниот број градежни парцели што стекнале нови сопственици, 117 биле со површина од 50.690 метри квадратни и наменети за изградба на семејни куќи, додека на 19 градежни парцели со вкупна површина од 176.247 метри квадратни треба да се градат нови стопански објекти.
„По локалните избори Општина Илинден ќе продолжи со отуѓување на градежни парцели за изградба на нови стопански објекти во деветте локални економски зони, како и со реализација на Проектот за продажба на 500 парцели за изградба на семејни куќи во новата населба Јака. Новата населба се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири“, стои во соопштението на општина Илинден.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





