17 Декември, 2025
0.1468

Продажбата на таблетите ќе се зголеми за 67,9 отсто, а на персоналните компјутери ќе падне за 10,6 отсто

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2013 16:12

Добивај вести на Viber

Продажбата на таблет-компјутерите, паметните телефони и компјутерите во 2013 година би требало да биде поголема за 5,9 отсто, во однос на 2012 година.

И додека таблетите ќе забележат пораст на продажбата од дури 67,9 проценти продажбата на персоналните компјутери ќе падне за 10,6 отсто.

Оваа година би требало да се продадат околу 305 милиони компјутери, 202 милиони таблети, а дури 1,8 милијарди паметни телефони. Па така се доаѓа до вкупна бројка од 2,35 милијарди продадени уреди од тој вид.

"Потрошувачите сакаат во секој момент и на секое место да имаат уред кој ќе им овозможи лесно да пристапат до содржината, но и да креираат сопствена, како и да разменуваат содржина со други уреди", изјави Каролина Миланеси, потпретседателка на "Gartner".

Аналитичарите за крај додаваат дека пристигнувањето на Windows 8 не успеало да ги „оживее" персоналните компјутери.

Аналитичката куќа посочува и на тоа дека паметните телефони и таблет компјутерите имаат се подолг животен век, како и тоа дека акцентот повеќе не е на хардверот, туку на софтверот.

Според нивните предвидувања Android ќе биде доминантен оперативен систем во светот. Повеќе од една третина од сите испорачани уреди во 2013 година ќе користат Android, а нивниот удел на пазарот ќе се зголеми во 2014 година и ќе зафаќаат половина од сите продадени уреди.

„Apple “присутен во сите сегменти на пазарот со различни уреди. За разлика од тоа, 90 проценти од Android уредите се наоѓаат во сегментот на паметни телефони, а 85 проценти од Windows уредите се персонални компјутери“ - покажуваат резултатите на Gartner.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега