03 Мај, 2024
0.0245

Продолжен рокот за ИПАРД, пари има – нема кој да ги земе?

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Иако денеска требаше да биде затворен, до 30 септември земјоделците ќе може да аплицираат со проекти за парите од ИПАРД програмата. Како што информираат од  Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој , ова е сторено за да се помогне на заинтересираните во подготовка на апликациите. Годинава, земјоделците имаат на  располагање околу 40 милиони евра,  средства наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување ЕУ стандардите , како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Новина во овој,  осми оглас е можноста да се аплицира и за земјоделска механизација за која исто така половина од средствата се неповратна помош финсирана од европските пред пристапни фондови. Од над 100 милиони евра кои се на располагање од ИПАРД програмата од 2009 година, досега се искористени помалку од 8 милиони евра. Потребната документација за подготовка и поднесување барања и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата и лично, во приемницата на Агенцијата и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?