05 Декември, 2025
0.0448

Продолжува летаргијата на автомобилскиот пазар

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2013 12:09

Добивај вести на Viber

273 возила се продадени во вториот месец од годинава, што е послабо од оствареното во истиот месец лани, кога биле пласирани 296 единици, пад од -7,77%. Поради 150-те  Yeti од тендерот за МВР, за двата месеци од годинава продадени се вкупно 672 автомобили што е позитива од +5,49 од истиот период во 2012-та. Од месец во месец продажбата паѓа и споредбено со оствареното во минатите години, процентуално гледано, ако не ги сметаме оние 150 возила Škoda Yeti наменети за македонската полиција, повторно евидентираме негатива. Ударите од должничка криза во еврозоната, или постојаните турболенции на цената на нафтата на светските берзи, сакале тоа да го признаеме или не, си земаат свој данок и кај нас. Кога се во прашање моделите во оваа летаргија, владее вистинска Фолксвагеноманија, дури четири се од Концернот во првите пет најпродавани. Политиката на македонскиот импортер и интересот за моделите на Концернот кај нас, си го чинат своето. На лидерската позиција, по паузата во јануари е бестселерот Golf, чии модели во февруари освоиле 25 нови купувачи. На втората позиција е новата Škoda Rapid со 18, трета е Škoda Octavia со 12, a четвратата позиција е VW Passat со исто толку. Сметките ги поматува само Renault, кој благодарејќи на добриот пласман на Fluence е на петтото место со 10 единици. Согласно ова е и остварувањето во текот на првите два месеци, Škoda Yeti е на првата позиција со 156, Golf е втор со 42, пред Passat со 25, Škoda Rapid со 18, а овде друштво на најпродаваните пет им прави Оpel Astra со 17 возила. Она што би скале да го истакнеме е фактот дека поради оние кампањи и акции, македонскиот купувач повеќе се одлучува за компактите или поголеми возила, а малите едноставно ја губат трката. Кога сме кај брендовите на водечката позиција и по оствареното во февруари е Volkswagen со 50 пласирани возила. На втората позиција е Škoda со 39, која бележи извонредни резултати и во Европа, а на третата е Ford, благодарејќи на новата лизинг кампања, со 16, пред Renault со 15, како и Opel и Peugeot  со по 14 продадени парчиња. Во годинешниот пласман Škoda има 215, пред Volkswagen со 102, а далеку зад нив се  Ford со 37, Opel 26 и мошне изненадувачки, Audi со 25 возила.   НАЈПРОДАВАНИ МОДЕЛИ ВО 2013 ГОДИНА февруари јануари-февруари VW GOLF 25 ŠKODA YETI 156 ŠKODA RAPID 18 VW GOLF 42 ŠKODA OCTAVIA 12 VW PASSAT 25 VW PASSAT   12 ŠKODA RAPID 18 RENAULT FLUENCE 10 OPEL ASTRA 17 FORD FIESTA 9 FORD FIESTA 16 MITSUBISHI COLT 8 RENAULT FLUENCE 11 OPEL ASTRA 7 KIA SPORTAGE 10 FIAT LINEA 6 MITSUBISHI COLT 10 KIA SPORTAGE 6 ŠKODA FABIA 10 НАЈПРОДАВАНИ МАРКИ ВО 2013 ГОДИНА февруари јануари-февруари VOLKSWAGEN 50 ŠKODA  215 ŠKODA 39 VOLKSWAGEN 102 FORD 16 FORD 37 RENAULT 15 OPEL 26 OPEL 14 AUDI 25 PEUGEOT 14 CHEVROLET 25 FIAT 11 KIA 24 TOYOTA 11 PEUGEOT 22 AUDI 10 RENAULT 22 CHEVROLET 10 CITROEN 20 преземено од: АВТОПЛУС http://www.avtoplus.mk/vesti/makedonija/makedonski-avtomobilski-pazar-letargijata-prodolzhuva

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност