Продолжува трендот на пораст на јавниот долг
Објавено во: Анализа, Финансии 13 Ноември, 2012 08:29
Долговите кон странство растат и на приватниот сектор и на јавниот сектор. Задолжувањата на приватниот сектор, односно новите обврски се сконцентрирани кон директните инвеститори, што според НБМ се смета за поповолен аспект на надворешното задолжување. Но проблем претставува задолжувањето на јавниот сектор :
„Преостанатиот дел од зголемувањето на долгот се однесува на јаниот сектор и главно ги одразува ефетите од продажбата на државните еврообврзници како и повлекувањето на долгорочните странски кредитни линии од страна на Македонската банка за подршка на развојот. Притоа , 97% од растот на долгот произлегува од зголемувањето на новите краткорочни обврски, што упатува на потенцијално поголема ранливост на домашната економија“ – се заклучува во извештајот.
Во исто време, пораст има и кај јавниот долг на државата. Во септември тој достигна 30,2% од Бруто Домашниот Производ. Само за еден месец, задолжувањето на Владата на домашен терен, преку аукции на државни записи се зголемило за 70 милиони евра.
Токму оваа задолженост од 30,2% е најголема што е измерена во послендите пет години.
Задолжувања, да, но за што?
Она на што во континутет предупредува домашната експертска јавност не е само динамиката на раст на долговите туку и прашањето за што и за какви цели се задолжува земјата. Неодамна за “Фактор “ и Никола Поповски, поранешниот министер за финансии од редовите на СДСМ изјави дека власта треба да биде внимателна со задолжувањата.
„ Владата продолжува и со задолжувањето кон надворешните девизни пазари, а знаеме дека токму таквото задолжување понатаму предизвикува проблеми и на фискалната и на монетарната страна. Според сегашните најави , следната година целиот дефицит во висина од околу 250 милиони евра ќе се обезбеди со странски девизен кредит што делува многу депресивно за економијата “ – рече Поповски .
Од 1 ви јануари Владата ќе го подигне новиот кредит од 250 милиони евра, зад кои како гарант стои Светската Банка. Во исто време, за отплата доспеваат 175 те милиони евра по основ на Еврообврзницата.
„Во текот на оваа година Владата исплаќа 145 милиони евра обврски кои значат намалување на долгот , но во исто време за следната година предвидени се 345 милиони евра да се вратат по основ на обврски што се земени претходно, од кои 175 милиони евра е Еврообврзницата што доспева на 8 јануари 2013 та “ – изјави министерот за финансии Зоран Ставревски.
Токму со новите задолжувања, владата најави дека ќе ги подмирува и долговите што ги има кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ. Но, опозиционерите бараат одговор зошто власта сеуште молчи за тоа колку во апсолутни бројки им должи на фирмите. “Дека долгот е стотици милиони евра потврдува фактот дека Груевски и Ставревски објавија дека ќе им требаат шест месеци за да ги обезбедат парите и дека долговите ќе се враќаат на рати, притоа државата покрај континуираното задолжување на домашниот пазар, ќе мора да ги задолжи граѓаните за нови 250 милиони евра, само кај Светска Банка“ - изјави Драган Тевдовски од СДСМ.
Возвратија од владеачката ВМРО-ДПМНЕ:
„СДСМ е единствена политичка партија која го игнорира фактот дека сите земји во Европа имаат проблем со задолженоста и дека е успех што Македонија е меѓу земјите со најнизок државен долг “.
Според препораките на Меѓународниот Монетарен Фонд јавниот долг на државата треба да застане на 30% од Бруто Домашниот Производ.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





