26 Јуни, 2024
0.0278

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Масовниот одговор од страна на вработените во „Алкалоид“, на повиците за хуманост во општествени рамки, е најдоследна потврда за хуманата мисија која компанијата ја негува речиси девет децении. Одлучноста и подготвеноста за колективна помош иза брз хуманитарен одговор во заедницата, беше стартна позиција на многу значајни проекти и активности во знакот на солидарноста, реализирани под закрила на „Алкалоид“ и „Црвениот крст“.

И годинава „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со „Црвен крст на РСМ – Црвен крст на Град Скопје“, социјалното претпријатие „Копче“ и со „Институтот за трансфузиона медицина“, реализираше неколку хуманитарни активности, меѓу кои акции за донација на облека и на храна, како и масовна крводарителска акција.

Во рамки на собирната акција на облека, беа донирани речиси 2 тона облека со одлична употребна вредност, додека пак, во акцијата за донација на храна беа собрани трајни намирници во количина од  речиси 1 тон, наменети за помош на граѓаните кои живеат во социјален ризик. Во делот на крводарителството, продолжувајќи ја повеќедецениската традиција, во новата уште помасовна крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“, повеќе од 240 алкалоидовци ја изразија својата волја и желба за доброволно дарување крв.

Изминативе години, „Алкалоид“ има спроведено низа активности во соработка со „Црвен Крст на РСМ“ и „Црвен крст на Град Скопје“, како во делот на социјално-хуманитарната дејност, така и на полето наздравствено-превентивната дејност и крводарителството. Покрај редовните донаторски и крводарителски акции, „Алкалоид“ во 2013 година го помогна реновирањето и ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во тековното функционирање на истиот. Компанијата го поддржа и проектот „Водич во болница“, инициран во 2019 година, а сесрдно дава своја поддршка и придонес и на апелите на „Црвен крст“, кога станува збор за ублажување на последици од природни непогоди, како: поплави воземјата и регионот, земјотреси, рударски несреќии слични трагедии. Бездомниците, бегалците и мигрантите се исто така многу горливи категории, каде компанијата помага во смисла на одржување и задржување на интегритетот на луѓе кои против своја волја биле принудени да живеат поинаку. Една таква поголема акција наменета за овие ранливи категории, во рамки на „Алкалоид“, беше спроведена во 2015 година, кога на организираниот хуманитарен пикник, отворен за сите вработени во компанијата, беа собрани над 750.000 денари кои се донираа на „Црвениот Крст“.

Афирмирајќи ја низ дела својата позиција на партнер на општеството, посветен на поттикнување значајни промени и остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби одкорпоративната општествено-одговорнастратегија, низ која вработените на компанијата се издвојуваат како вистински амбасадори на доброто дело. 


ПР Објава


Можеби ќе ве интересира

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!