28 Јуни, 2024
0.0272

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Еден од настаните што ќе ја одбележи оваа година, UEFA EURO 2024™, започна на 14 јуни и донесе возбуда кај фудбалските фанови ширум светот, а не само на Стариот континент. За време на турнирот ќе се соберат милиони навивачи, обединети со заедничка љубов кон најважната споредна работа во светот. Спектаклот на фудбалот од светска класа, со некои од најдобрите играчи и тимови на континентот, ќе ги поврзе навивачите преку границите и културните разлики. Во домовите низ Европа, семејствата и пријателите ќе се соберат за да ја следат возбудливата акција на теренот. Во тие моменти, рутинските домашни работи привремено ќе бидат заборавени, бидејќи приоритет е гледање натпревари и навивање за вашите омилени тимови.

Gorenje како горд спонзор на UEFA EURO 2024™, со своите апарати за домаќинство ќе ви овозможи да имате време за сѐ со минимален труд, со притискање на едно копче. На овој начин ќе можете да се посветите на гледање фудбалски натпревари без да ги занемарите домашните работи!


Токму поради густиот распоред на претстојните натпревари, подготовката и организацијата се клучни, а паметните апарати за домаќинство „излегуваат на терен“ олеснувајќи ги обврските за време на фудбалската треска. Затоа Gorenje фрижидерите се тука да ви го олеснат животот, а Gorenje располага со широк асортиман на Side by Side и No Frost фрижидери. На пример, AdaptTech интелигентниот систем ги препознава вашите навики и одржува постојана температура, дури и ако често ја отворате вратата од фрижидерот. Convert FreshZone фиоката ви овозможува да ја прилагодите на вашите потреби, без разлика дали ја користите за складирање риба и месо или овошје и зеленчук. И благодарение на NoFrost Plus функцијата, повеќе не мора да ја одмрзнувате и чистите внатрешноста на фрижидерот, што го одржува вашиот замрзнувач уреден и чист, без разлика колку често го користите овие денови. Доволно големиот простор за сите шишиња од вашите омилени пијалаци што сакате да ги разладите и вградениот диспанзер за вода на вратата со ледомат на одредени модели ќе бидат совршени за навивање.

Подготвени, како вас, за сите специјалитети

Gorenje фритезата на топол воздух е идеален избор кога сакате да подготвите вкусни закуски за вас и за пријателиte со кои навивате. Различни видови на месо, зеленчук, слатки задоволства (мафини, колачи и сл.). Ако ви треба брз избор, има осум однапред дефинирани програми и можност за прилагодена подготовка за персонализирани деликатеси. Фритезата на топол воздух има прозорец низ кој можете да го контролирате процесот и метална внатрешност која спречува непријатни мириси. Исто така е многу помала од традиционалната рерна, па затоа се загрева многу побрзо, заштедувајќи не само време туку и електрична енергија. Уживајте во подготовката на оброкот, која не трае долго и подгответе се на време да навивате!

Кога треба да се исчисти „брзо“

После секоја дружба, особено ваква интензивна, време е да се вратиме во реалноста и да го исчистиме сето она што во жарот на навивање го падна на тепихот или на подот. Gorenje стик правосмукалката, која доби RED DOT награда за дизајн, не само што изгледа добро, туку ги има сите квалитети да биде одбранбен играч во вашиот тим. Тивка, со екстра широка моторизирана четка, ЛЕД предно осветлување, ергономска рачка, дополнителни додатоци, ХЕПА филтрација и работа без кеси, докажано е дека е најдобриот играч во вашиот тим. Се напојува со отстранлива Li-Ion батерија која обезбедува долг работен век, до 70 минути одеднаш, и може независно да се полни речиси насекаде. Сега вие и правосмукалката сте подготвени за следното навивање!

Искористете ја фантастичната понуда и промоција на Gorenje која моментално е во тек и збогатете го вашиот дом со еден од фрижидерите пред почетокот следниот натпревар. Посетете ги продажните салони на Gorenje или веб-страницата на Gorenje Македонија и подобрете го вашиот дом со апарати за домаќинство кои многу ќе ви го олеснат секојдневието.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“

Halk EZ – нов банкарски пакет прилагоден на животниот стил на младите

Halk EZ – нов банкарски пакет прилагоден на животниот стил на младите

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРВИОТ МАЛОПРОДАЖЕН ПАРК “Fashion Park Triangla” ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРВИОТ МАЛОПРОДАЖЕН ПАРК “Fashion Park Triangla” ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Вложете во вашата иднина со нов станбен кредит и депозит со најповолни каматни стапки до крајот на годината

Вложете во вашата иднина со нов станбен кредит и депозит со најповолни каматни стапки до крајот на годината

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта