Добивај вести на Viber
Годинава Проектот „Скопје 2014“ ќе „лапне“ нови 100 илјади евра што ќе ги одвои Град Скопје за свечено осветлување на спомен обележја, скулптури и на фонтани во главниот град.
На тендерот којшто беше објавен при крајот на минатата година се јавиле две фирми и градот ја избрал поевтината понуда, објави
24Вести.
Некои медиуми објавуваат дека досега се потрошени околу 1,5 милиони евра за свечено осветлување на објектите од проектот „Скопје 2014“.