Проф.д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ: Образовна политика наместо политика во образованието
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 09:27
Видеото на кое директорот на прилепската гимназија “Мирче Ацев” ги повикува учениците да излезат на протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ предизвика бура од реакции на социјалните мрежи и во јавноста. Во услови на моменталната политичка криза која е вештачки создадена од една партија што ја губи моќта и не бира средства и начини како да го одбрани својот криминал, не сум воопшто изненадена од вакви непедагошки испади, вели за Фактор професорката Јасмина Делчева- Диздаревиќ од Институт за педагогија при Филозофскиот факултет.
Особено загрижувачки според неа е што директорот на училиштето, надвор од службените овластувања, држи политички говор и ги повикува учениците на протест за наводна одбрана на македонскиот јазик и унитарноста на државата.Па наместо да биде позитивен пример за градење на соживот и единство помеѓу учениците, тој ги подгрева националните страсти кои лесно може да доведат до разгорување на национална и етничка нетрпеливост во поголеми размери.

Злоупотребата на учениците од средните училишта за политички цели за наводна одбрана на државните и националните интереси според неа треба најостро да се осуди и да се санкционира.
“Сведоци сме дека ова не е прв случај, но апелирам до надлежните институции веднаш да реагираат и да ги санкционираат истите, затоа што популацијата на која им се обраќаат е многу специфична. Имено, во воспитно- образовните институции се изнесуваат факти засновани на научни достигнувања, а на учениците воспитно се влијае прво со личен пример, а потоа и со градење на личности кои ќе бидат оспособени да размислуваат сами и да имаат сопствени и лични ставови. Наша должност како педагози е да ги научиме учениците да дебатираат, да научат да го почитуваат соговорникот и со аргументи да го бранат својот став”- додава професорката по педагогија.
Ваквите испади од страна на просветните работници насочени директно кон учениците во најмала рака вели ги деградирадираат и понижуваат истите, а се со една и единствена цел, да создадат послушни и покорни граѓани, за жал со трајни последици, кои понатаму многу тешко, а дури и никогаш не ќе можат да се поправат –порачува професорката Делчева-Диздаревиќ.
Директорот на прилепската гимназија Кирил НИколовски го потврди разговорот кој бил снимен од ученици кои се спротивставиле на неговото агитирање. Вели тоа е негов личен и професионален став во и надвор од училиштето и тој само разговарал со нив, а не вршел притисок или агитација. Осуда за злоупотреба на учениците од средните училишта за политички цели стигна од Хелсиншкиот Комитет за човекови права кој ќе поднесе претставки до Државниот просветен инспекторат и Народниот правобранител. Министерството за образование и наука најави дека ќе побара Државниот просветен инспекторат да утврди пречекорувања на службените овластувања и повреда на Законот за средно образование, со цел да утврдат незаконито постапување на страната на директорот на средното училиште Мирче Ацев од Прилеп и да иницираат соодветни постапки за негово санкционирање.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




