15 Декември, 2025
0.0515

Професор Грозданова: Претпазливи со фајзеровата вакцина пациентите со алергиски реакции и оние со автоимуни заболувања

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2021 12:26

Добивај вести на Viber

Според планот на здравствените власти за имунизација против корона вирусот предвидени се неколку сценарија, а во моментот се реализира оној со релативнио мала достапнопст на вакцините. Професорката, Александра Грозданова, претседател на Коминетот за имунизација во емисијата на Телма ТВ, „Топ тема “ изјави дека кога во македонија ќе пристигнат и вакцините од директниот договор со производителот Фајзер, како и вакцината од АстраЗенека што треба да пристигне преку Ковакс механизмот и секако 200.000-те дози од кинескиот производител Синофарм, тогаш ќе се премине на втората фаза од имунизацијата, односно она сценарио кога постои полумасовна имунизација, каде што ќе се опфатат и другите групи, покрај здравствените работници коијшто сега се приоритет.

Во однос на безбедноста на вакцините, д-р. Грозданова посочи дека од исклучително значење се консултациите со матичните лекари и специјалистите, иако станува збор за навистина безбедни вакцини произведени од фармацевтските компании.

-Претпазливост треба да се има кај оние кој имаат алергиски реакции, кај пациенти кои примаат имунотерапија, кај оние со автоимуни заболувања, односно кај сите кај кои има засегнување на имунилошкиот одговор, затоа ќе треба да се напреави консултација со лекар специјалист. На пример фајзеровата вакцина, е една од најефикасните согласно направените клинички студии, но конечно и од ова што го гледаме, а тоа е дека веќе два месеца се врши вакцинација во светот токму со оваа вакцина. Но, сепак, оваа вакцина јавува некоја поголема реактивност, иако претпазливост треба да има кај само кај оние пациенти кои претходно развиле некоја алергиска реакција кон одредени лекови или имаат состојби кај кои е компромитиран нивниот имунолошки систем. Во сите други случаи таа е без никакви нус појави, особено од она што го гледаме како бројки, а веќе милионски дози од оваа вакцина беа дадени и секојдневно добиваме ажурирани информации за несаканитре реакции. Навистина нивниот процент е минимален, што значи дека станува збор за навистина безбедни вакцини. Во однос на вакцината на АстраЗенека досегашните испитувања покажаа дека е неефикасна против јужноафрикаснкиот сој заради што дел од земјите ја исклучија од процесот на вакцинација. За очекување е да се прават епидемиолошки скрининзи, односно некаков вид на детекција за тоа кои се циркулирачките вируси на одредена територија и дека наверојатно ќе очекуваме дека понатаму ќе бидат токму според тоа дизајнирани и одредени вакцини, истакна д-р. Грозданова. 

ФОТО/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот