13 Декември, 2025
0.0490

Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорат на „Чувари на мудроста“

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2025 14:01

Добивај вести на Viber

Професори, уметници, стопанственици, личности со богата животна и професионална трага ќе бидат говорници на конференцијата „Чувари на мудроста“, која трета година по ред, традиционално ја организира Халкбанк. Девет успешни и влијателни професионалци во различни области, распоредени во три панели, ќе ги пренесат своите искуства, знаења и приказни на студенти, млади претприемачи, културни работници и претставници на стартап компании.

Првиот панел, насловен „Уметност на живеењето – на сцената и во реалноста“ е посветен на уметноста како вештина на изразување и творење, но и на носење животни одлуки. На оваа тема ќе говорат академик Влада Урошевиќ, истакнат македонски писател, кој сè уште е активен и во десеттата деценија од животот и Снежана Конеска Руси, една од најангажираните македонски актерки, која неодамна ја доби наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Вториот панел, „Курикулум на животниот и професионален развој“ ќе обедини професор, академик, стопанственик и поранешен Гувернер. Професорот по економски науки, академик Абдулменаф Беџети, професорот по административно право и јавна администрација, Борче Давитковски и професорот Љубе Трпески, кој во својата кариера беше професор на Економскиот факултет во Скопје, министер и Гувернер на Народната Банка ќе одржат едно поинакво предавање пред студентите. Дел од дискусијата ќе биде и Муарем Муртезани, истакнат стопанственик, кој од бизнис аспект ќе се надоврзе на дискусијата за предизвиците на патот на динамичниот животен и професионален развој на секој човек.

Третиот панел ќе го долови шармот на музиката како професија, животна определба и ритам на животот. На тема „Живот во ритам на музиката“ пред студентите и младите ќе говорат легендарниот музички новинар и диџеј, Драган Б. Костиќ,доајенката на македонската народна музика, Блага Петреска и велешкиот Страдивари – светски познатиот изработувачот на виолини, Светозар Богданоски.

Панелите ќе бидат во формат на форуми и сите присутни ќе можат да постават прашања и да ги споделат своите размислувања со говорниците.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи на 28 мај (среда), на Економскиот факултет во Скопје, во Амфитеатар 1. Настанот е бесплатен и отворен за сите, но заради ограничениот капацитет, неопходно е пријавување на присуството со пополнување онлајн формулар за регистрација

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија