24 Ноември, 2024
0.0438

ПРОФЕСОРКАТА ЃУРОВСКА ЗА ФАКТОР: КОВИД-19 ќе не натера да се преиспитаме за бруталната динамика на живеење

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во очекување претседателот Стево Пендаровски да одлучи да ја продолжи вонредната состојба во земјава, граѓаните, иако се свесни дека карантинот е неопходен, се потешко ги издржуваат рестриктивните мерки. Затворени дома, за некои веќе попуштаат психолошките вентили, па си го поставуваат прашањето до кога „ова ќе мора да се трпи“.

Како влијае карантинот врз граѓаните, дали кај нив веќе има зголемени психолошки проблеми, се појавуваат ли расправии, семејно насилство, бараат ли се повеќе граѓани психолошка помош? Дали, доколку ове мерки продолжат, во период кој засега никој не може да го претпостави, колку граѓаните тоа можат да го поднесат од психолошки и од социјален аспект?

За овие и други дилеми Фактор разговараше со проф. д-р Милева Ѓуровска од Институтот за социологија, Филозофски факултет. 

„Ограничувањето на движењето и советите да се остане дома поради безбедносни причини поврзани со епидемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвикува различни реакции кај поединците, но и на планот на целото општество. На поединечен план е соочувањето со самата опасност, која предизвикува состојба на неизвесност, чувство на опасност, стрес, страв за своите најблиски, но и многу други дилеми во врска со самата болест која станува главно подрачје на интерес. Се пребаруваат информации за вирусот, се следат состојбите во врска со бројот на заразени, како и искуствата на поединци“, вели професорката Ѓуровска. 

Нагласува дека според професионалците, овој интерес за главниот проблем, со текот на времето постојано ќе се намалува, за сметка на други содржини. Социјалните мрежи веќе упатуваат на големи иницијативи за само-организирање и креирање на нови социјални форми меѓу членовите во домаќинството. Сигурна сум, вели, дека постои животна сила и социјална смисла кај населението да се справи со овој нов предизвик, каде е клучна неопходноста од останувањето дома. 

„Во врска со прашањето за проблемот со децата во тесниот простор на домот, ќе напоменам дека тоа не е во склад со детскиот темперамент, меѓутоа, компензирачка е можноста децата да ги имаат своите родители покрај себе. Во домот живеат блиски луѓе и никој не е сам, иако може да дојде до тензии. Посебно се засегнити адолесцентите кои себе си се гледаат преку очите на другите и имаат силна потреба од социјални врски, преку кои го градат својот нов идентитет. Но, веруваме во тоа дека тие многу подобро владеат со социјалните мрежи. Сепак станува збор за кризна ситуација, а секоја криза е поврзана со потреба од промена. Терминот криза најпрво бил применуван во медицината, каде за пооделни тешки случаи на болни било неопходно конзилијарно мислење и советување. Токму тоа го бара и оваа состојба каде се гледа видлива потреба од анализи, споредување на различни мислења и барање на решенија“, објаснува професоркта. 

Според Ѓуровска, промената на поединечен план се манифестира како прекинување со вообичаената животна рутина и постоечките работни практики. Неопходна е потреба од реорганизирање на секојдневието. Меѓутоа, познато е од истражувањата дека луѓето покажуваат отпор кон промените и дека по инерција би сакале да останат во зоната на претходната рутина во која се чувствувале безбедни. Ова особено се однесува на оној дел од работното население што има нестабилни работни места. 

„Кризава, исто така, овозможи користење на сите капацитети на ИТ технологии, за што досега не беше покажано доволно разбирање. Долго време водевме дебати со работодавачите дека голем дел од работните места можат да се извршуваат ефикасно и во домашни услови што ќе им овозможи на родителите да ги усогласат семејните обврски со професионалните улоги. Современите општества располагаат со технологии за остварување на висока продуктивност на трудот и дека во некои развиени држави (нордиските држави) се посегнува кон драстично кратење на работното време со цел да се постигне животен баланс. Затоа сметам дека човештвото треба да се подготви за само-организрање на својот приватен простор“, смета професорката. 

Потенцира и дека информатичките технологии се покажаа како исклучително ефикасни во поглед на образованието. 

„Во разговорите со пријателите кои сега ги водиме многу повеќе од претходно добивам информации дека учениците сега целосно го исполнуваат образовниот курикулум, а контролата ја спроведуваат родителите. Изостанува социјализаторскиот курикулум на училиштето, што без соменение е исклучително значаен, но повторно ќе го нагласам семејниот влог на овој план кој во минатото бил помалку експониран“, објаснува Ѓуровска. 

Посебен проблем кој треба да биде споменат, според неа, е големиот број на лица кои отстапуваат од мерките на „вонредното општество“. Бидејќи станува збор за невидлив непријател – микроскопски организам, многумина не стекнуваат свест за новата опасност и не ѝ даваат легитимитет, обидувајќи се да ја одржат рутината во рамките на можните услови. 

„Овде ќе констатирам дека настапува период на адаптација на целото човештво на нови услови кои ќе бидат од потраен карактр и можеби КОВИД 19 е вовед во брза социјализација на ургентни промени кои ќе го променат пристапот кон човекот, а со тоа ќе се менува и односот кон природата, како и односот кон човекот и работата. Пред неколку месеци еден студент ми постави прашање што би можело да ја промени цивилизацијата која произведува толку многу загаден воздух и дали е таа одржлива? Вториот дел од прашањето секој го знае т.е. дека цивилизација која не може да обезбеди воздух за да дишат луѓето нема идинина, а во однос на тоа што ќе ја промени цивилизацијата одговорот го добиваме сега. Како што се вели кај нас ‚секое лошо за добро', имам чувство дека ова ‚застанување', односно прекинот со рутината создава простор за рефлексија кај секој поединец, состојба на преиспитување, можност да се ‚врзат' некои излитени јазли кои произлегле од бруталната динамика на живеење претходно“, вели професорката. 

Конечно, не треба, нагласува Ѓуровска, да се запостави фактот дека потенцијалните придобивки од задолжителниот масовен карантин имаат психолошка цена која секако не е поголема од психолошките ефекти на не-карантинот и ширењето на болеста. 

„Прашања за посебна дискусија ќе бидат последиците од социјална и економска природа за кои денес, исто така, многу се зборува, а се поврзуваат со губењето на економскиот капацитет на државата, губењето на работните места и задолжувањето. Владите имаат обврска да ги редуцираат последиците од овој вид. Во намалувањето на стресот од исклучително значње е првилното информирање на граѓаните за актуелната ситуација поврзана со епидемијата, како и со здравствените капацитетите на државата. Во случај кога информаците се нецелосни или прилагодени на некои споредни политики, тогаш граѓаните нема да ја сфатат смислата на карантинот“, вели професорката Милева Ѓуровска од Институтот за социологија.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип