Професорот Дејан Трајковски предупредува дека индискиот сој може да донесе кошмар
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2021
Ситуацијата за кратко време може да се претвори во кошмар поради индискиот сој.
За вакво сценарио предупредува професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.
Тој објави анализа на Фејсбук во која пишува за индискиот сој на коронавирусот и предупредува дека „летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата“.
„Со увид во датабазата на ГИСАИД иницијативата, забележуваме дека во Грција до денеска се секвенционирани 10 случаи на САРС Ков2, варијанта B.1.617.2 „Делта“. Се разбира, вкупниот број случаи е далеку поголем од бројот на секвенционираните случаи. Случаите ги внесуваат со големо задоцнување, па така ова се случаи од крајот на април до средината на мај. Сепак, мора да се признае дека Грција натпросечно добро се справува со епидемијата на ковид-19 и засега многу добро го држи вирусот под контрола (што не значи дека нашите летовалци не треба максимално да внимаваат)“, пишува тој.
Во Италија има 218 секвенционирани случаи на Делта сојот и таму прилично ажурно ги внесуваат случаите во датабазата. За жал, во Италија веќе се забележува забрзување на бројките. Од балканските земји засега ниту една друга земја освен Грција не го секвенционирала Делта сојот.
Се намалува бројот на активни случаи на коронавирусот во Македонија.
Бројот на активни случаи во државата изнесува 416.
Индискиот сој го има во повеќе од 70 земји во светот.
Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.